16 Декември, 2025
0.0558

Успешна македонска бизнис приказна – Ким Неготино прославува 15 години од своето постоење

Објавено во: Мои пари 30 Јуни, 2014 10:13

Добивај вести на Viber

Реномираната македонска компанија за производство, преработка и конзервирање на овошјe и зеленчук,  КИМ Неготино овој месец слави јубилеј 15 години од своето основање и почеток со работа. Компанија која е пример за останатите македонски компании, и која од самиот почеток континуирано се развива и инвестира, за денес да претставува респектабилен домашен капацитет, на чии производи доверба им укажуваат потрошувачите во Македонија и во регионот. Тоа се должи на посветеноста на сопствениците, мотивираноста на вработените, на високите стандарди на работа, и пред се на самиот факт дека производите се произведуваат по софистицирана технологија од најквалитетните македонски овошја и зеленчук. Компанијата ги поседува сите највисоки сертификати HACCP и ISO стандарди за квалитет, производите поминуваат низ повеќе нивоа на контрола, за да на крај како финални производи завршат на местото на продажба, информираат од Ким Неготино.

Од јуни 1999 година, кога КИМ Неготино започнува со работа, па се до денес, производите на оваа кoмпанија се одомаќинети кај домашните потрошувачи кои им укажуваат доверба, и ги преферираат, како производи со достапна цена а висок квалитет, а сепак македонски производи. Потврда за високиот квалитет се и бројните награди добиени на меќународни саеми, на кои компанијата учествувала.

„Со задоволство можеме да кажаме дека веќе 15 години производите на КИМ Неготино се дел од речиси секое македонско домаќинство. КИМ кечапот, Деликатесниот мајонез, лесен-посен мајонез, сокот од домати, тартар сосот, како и мармаладите несомнено, се производите по кои сме најмногу препознатливи, но и другите наши производи полека го наоѓаат патот до срцата на потрошувачите. Производството на здрави и квалитетни производи од домашни суровини е наш императив и нашата главна предност, токму тоа ни овозможи сиве овие години да го задржиме високото место на пазарот и довербата на нашите потрошувачи. И понатаму ќе вложуваме во развој на нови производи и освојување на нови пазари, и во континуирано унапредување на процесот на производство”, изјави г. Јорданов, директор на КИМ Неготино.

Покрај кечап, мајонез и сосови од мајонез во основните производи на компанијата спаѓаат и различни маринирани производи, овошни џемови, желеа и мармалади и производи од какао и чоколадни производи, како и организирање на производство на печурки и нивно пакување, сите усогласени со барањата за безбедноста на храната а произведени од најквалитетен македонски зеленчук и овошје. Веќе трета година по ред, КИМ Неготино извезува поголем асортиман од своите производи и на пазарите во Србија, Албанија, Црна Гора и Косово.

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави