Добивај вести на Viber
Укината е одредбата од Законот за регистрирањето на готовински плаќања со која купувачот имаше право да не плати за производотот или услугата доколку не му биде издадена фискална сметка. Според судот оваа одредба се коси со Уставот на Македонија бидејќи не обезбедува владеење на правото и слобода на пазарот и претприемаштвото. Одредбата по втор пат беше донесена лани откако беше укината од Уставниот суд во 2007. Со тоа законодавецот постапил спротивно на Уставот во кој стои дека одлуките на судот се конечни и извршни, образложија уставните судии.