Утре е неработен ден
Објавено во: Македонија 05 Април, 2015
Од Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), понеделник е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед.
6-ти април 2015 година (понеделник), вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Велигден.