23 Јануари, 2025
0.3049

Утре Македонски Марш: МПЗ „Тврдокорни“ повикува на масовна излезеност без партиски ознаки

Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Низ скопските улици утре ќе маршираат поддржувачите на Македонското Патриотско Здружение „Тврдокорни“.

Во повикот за така наречен Македонски марш ова здружение потенцираат на неколку работи од кои првата е дека утрешниот марш бил најавен пред 10 дена „и затоа не може да постои предумисла за правење немири при евенталното создавањето или несоздавање Влада. Ако би дошло до поклопување на термините тоа е сосема случајно“.

Втората точка од повикот се однесува на новата Влада.Од ова здружение информираат дека од понеделник со јавен допис ќе се обрати до потенцијални владини коалициски партнери од кои ќе бараат јавно да кажат што е договорено во Мала Речица.

„Во врска со создавањето на Влада, МПЗ „Тврдокорни“ од Понеделник, со јавен писмен допис ќе се обрати до евентуалните владини коалициски партнери, каде што ќе се бара ЈАВНО да се одговори: што е договорено во Мала Речица! Секој молк или одговор кој нема да е во склад со македонскиот Устав и законите, ќе биде мотив МПЗ преку протести да ги повика виновниците на одговорност кои нема да бидат од церемонијален карактер и низ разни облици на побуна секојдневно ќе се вршат легитимни притисоци додека не се повлечат штетните одлуки!“

Понатаму, велат:

„МПЗ „Тврдокорни“ никогаш не би имале против коалиција на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ со било кои албански партии кои се лојални на позитивните македонски закони. Она што нас длабоко не засегнува е прашањето - дали со подзаконски акти или дотерување на постоечките, притаено ќе се обидуваат да подметнат нов и веќе предзавршен чин од долгата редица на сепаратистички барања на албанските политичари!“.

Тие ги повикуваат сите утре да дојдат на маршот во масовен број, за да , како што пишуваат во соопштението до медиумите, видат  сите, и партии, и странски амбасади, и поединци, со каква сила ќе се соочат, ако пробаат да ги излажат или нешто да им подметнат.

Меѓудругото повикуваат членовите да дојдат во црна облека и да понесат македонски знамиња и ознаки, но партиските ознаки да ги остават дома бидејќи нема да бидат дозволени и ќе бидат отстранувани од страна на редарските единици. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

Тримесечно бебе пронајдено починато

Тримесечно бебе пронајдено починато

ДОНИРАЈТЕ: Да му помогнеме на Марко да замине на операција во Турција

ДОНИРАЈТЕ: Да му помогнеме на Марко да замине на операција во Турција