19 Септември, 2024
0.0296

УТРЕ НЕ Е ДОБАР ДЕН ЗА ДА ПАТУВАТЕ ВО ГРЦИЈА - еве кога грчките земјоделци планираат да го блокираат Евзони

Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Земјоделците од северниот дел на Грција, освен секојдневните симболични блокади во вечерните часови, за утре напладне закажаа протест на граничниот премин Евзони (Богородица) кон Северна Македонија со што ќе биде блокиран сообраќајот, а во разговор со дописничката на МИА од Атина велат дека нема да отстапат од нивните барања сè додека не бидат целосно исполнети.

Во изминатите денови, по големиот протест во вторникот во Атина, кога земјоделците рекоа дека секој блок посебно ќе ги одреди своите чекори, оние од северна Грција остануваат најактивни и секојдневно во периодот меѓу 20 и 22 часот по локално, односно меѓу 19 и 21 часот по македонско време периодично го затвораат граничниот премин Евзони (Богородица).

Претседателот на земјоделското здружение од областа Пеониа, Томас Карипидис, кој воедно и ги предводи активностите на граничниот премин, во разговор со дописничката на МИА од Атина вели дека на Евзони во моментов се паркирани околу 100 трактори и пет комбајни и открива детали за утрешниот протест.

-Утре ќе се одржи голем земјоделски собир на граничниот премин Евзони со учество на активните блокови од областа централна Македонија, но ќе дојдат и други, од подалеку. Ќе започне околу 13-13.30 часот и ќе заврши според тоа колку говори ќе има, немаме одредено време кога ќе заврши, но сигурно ќе трае два-три часа, објасни Карипидис.

Во периодот додека ќе биде во тек собирот, што ќе започне од 13-13.30 по грчко, односно 12-12.30 часот по македонско време, се очекува да биде блокиран и сообраќајот на возила.

-Секако дека ќе биде затворен граничниот премин, ќе има многу народ, ќе биде големо учеството со земјоделски возила, додава претседателот на земјоделското здружение, објаснувајќи дека блокадата ќе трае сè додека не заврши протестот.

Блокада, како и секоја вечер, ќе има и денеска од 20 до 22 часот по грчко, односно од 19 до 21 часот по македонско време.

Карипидис објаснува дека доколку е потребно да се олабави сообраќајот за да не се создаваат колони, како што е впрочем пракса, и вечерва периодично ќе го отвораат преминот за да поминуваат возилата.

Земјоделците веќе над еден месец бараат од Владата да ги исполни сите нивни барања поврзани со зголемените трошоци за производство, а иако на средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис пред десетина дена им беа соопштени дополнителни мерки, изразија незадоволство и продолжија со активностите, кои кулминираа со големиот протест во Атина.

-Нашите барања се познати, енергијата, трошоците за производство, трошоците за снабдување и сето она што го засега секој регион поединечно, барања за кои не добивме обврзувачки одговори дека ќе се исполнат во блиска иднина. И затоа остануваме на нашите блокови, без да направиме чекор кон отстапка, објасни за МИА претседателот на земјоделското здружение од областа Пеониа, Томас Карипидис.

Министрите за земјоделство на Европската Унија утре во Брисел ќе одржат состанок, па токму затоа земјоделците во Грција организираат низа активности и блокади, а паралелно не е исклучена можноста да биде затворен и граничниот премин Ники (Меџитлија) кон Северна Македонија.

МИА

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mицкоски во Брисел ќе ја пренесе фрустрацијата на граѓаните, Бугарите велат дека Македонија провоцира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mицкоски во Брисел ќе ја пренесе фрустрацијата на граѓаните, Бугарите велат дека Македонија провоцира

ЛОГА: Македонија се лизга по пат кој е докажано фатален за неа

ЛОГА: Македонија се лизга по пат кој е докажано фатален за неа

АГЕЛЕР: Заложбите за реформи во судството ги чинеa даночните обврзници на САД половина милијарда долари

АГЕЛЕР: Заложбите за реформи во судството ги чинеa даночните обврзници на САД половина милијарда долари

МИЦКОСКИ OДИ ВО БРИСЕЛ: Сакаме фрустрацијата која ја чувствуваат македонските граѓани да ја пренесеме таму

МИЦКОСКИ OДИ ВО БРИСЕЛ: Сакаме фрустрацијата која ја чувствуваат македонските граѓани да ја пренесеме таму

БУГАРСКО МНР: Tврдат дека македонски функционери ги провоцираат и навредуваат

БУГАРСКО МНР: Tврдат дека македонски функционери ги провоцираат и навредуваат

БИЛД ПИШУВА ДЕКА ГЕРМАНИЈА ДЕПОРТИРАЛА ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Депортирани се и српски баратели на азил

БИЛД ПИШУВА ДЕКА ГЕРМАНИЈА ДЕПОРТИРАЛА ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Депортирани се и српски баратели на азил

„ПРОБЛЕМИТЕ НЕ СЕ РЕШАВААТ СО НАМЕТНУВАЊЕ ИЛИ ПАК СО ПРИФАЌАЊЕ НА МОЛК“: Адеми со критики за законските измени

„ПРОБЛЕМИТЕ НЕ СЕ РЕШАВААТ СО НАМЕТНУВАЊЕ ИЛИ ПАК СО ПРИФАЌАЊЕ НА МОЛК“: Адеми со критики за законските измени

Претседателката Сиљановска Давкова го прими регионалниот директор на Меѓународната организација за миграција за Европа и Централна Азија, Алексоски

Претседателката Сиљановска Давкова го прими регионалниот директор на Меѓународната организација за миграција за Европа и Централна Азија, Алексоски

ЗОКИ ФАЦИ ВЧЕРА БИЛ ХОСПИТАЛИЗИРАН, ДЕНЕС ТРАБАЛО ДА ГО ОПЕРИРААТ, НО... „Операцијата е одложена, многу е сериозна, лекарите ќе одлучат кога ќе биде подготвен за операција“

ЗОКИ ФАЦИ ВЧЕРА БИЛ ХОСПИТАЛИЗИРАН, ДЕНЕС ТРАБАЛО ДА ГО ОПЕРИРААТ, НО... „Операцијата е одложена, многу е сериозна, лекарите ќе одлучат кога ќе биде подготвен за операција“