16 Декември, 2025
0.0535

Утре неформална лидерска средба?

Објавено во: Македонија 17 Мај, 2018 11:40

Добивај вести на Viber

Разговорите во процесот Жан Моне во текот на утрешниот ден во Охрид треба да финишираат со вечера на која се поканети и лидерите на парламентарните политички партии, премиерот и прв човек на СДСМ, Зоран Заев, претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ДУИ, Али Ахмети, на ДПА, Мендух Тачи, на Алијансата на Албанците, Зијадин Села и од Беса, Билал Касами. Доколку се одржи, би можело да биде првата средба на лидерите на овие партии, по денешните разговори на Заев со грчкиот премиер Алексис Ципрас на Самитот во Софија.

Средбата во рамки на Жан Моне процесот може да се смета како дел од реформите во земјата, имајќи предвид дека прашањата за конституирање на Парламентот и за пратенички прашања се дел од планот 3-6-9, а овие разговори треба да придонесат и за подобрување на политичкиот дијалог.

На средбата во Охрид ѝ претходеа усогласувања на ставовите на пратеничките групи, особено за Деловникот за работа на Парламентот и за Етичкиот кодекс. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење