УТРИНСКА „БОМБА“ ОД КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - ќе даде понуда за купување на сите обични акции на Стопанска банка Битола
Објавено во: Финансии 01 Август, 2024 10:59
Комерцијална банка си остана на зборот, дефинитивно сака да ја купи Стопанска банка Битола, и тоа сите нејзини акции.
Банката од поодамна извести дека почнала постапка за присоединување на Стопанска банка Битола, а во изминатиов период се правеше длабинска анализа на „книгите“, и тоа по се изгледа дека е завршено.
Но, утрово како бомба одекнува информацијата дека каде и да е, Комерцијална банка ќе упати повик до акционерите на Стопанска банка Битола, за преземање на сите обични акции на банката со право на глас.
Банката за тоа утрово ја извести акционерската јавност преку Македонската берза за долгорочни хартии до вредност.
„Согласно член 22, став 1 од Законот за преземање на акционерските друштва, Ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје, застапувана од Управниот одбор, има намера да дадe понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка А.Д. Битола“, се вели во објавата од Комерцијална банка.
Над 5 отсо во Стпанска Битола има само Пелистерка, и тоа 16,99 отсто.
Акцијата на Комерцијална банка постојано растеше во последниов период, а покрај фантастичните резултати, односно одличните добивки и дивиоденди, се смета дека намерата за преземање на Стопанска банка Битола е една од причините за уште подраматичниот интерес за акциите на Комерцијална банка.
Стопсанска банка Битола има издадењно вкупно 390.977 акции.
На последното тргување на редовниот пазар една акција на Стопанска банка Битола сер продавала по цена од 3.080,43 денари за акција, што значи дека нејзината последна пазарна капитализација е 19,6 милиони евра.
Првото полугодие од годинава банката го заврши со профит од над 46 милиони евра.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска




