02 Мај, 2024
0.4059

УТРИНСКИ ФОКУС: Го пренкнаа Заев - „Метлата“ на Заев се одложи

Објавено во: Македонија 09 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

*  (ВИДЕО) „Порошенко“ и „Столтенберг“ го пренкнаа Заев

Познатите руски комичари Вова (Владимир Кузнецов) и Лексус (Алексеј Стојаров) објавија разговори со македонскиот премиер Зоран Заев, претставувајќи се како поранешниот украинскиот претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, 

Датумите на разговорите се од крајот на август 2018, јануари 2019 и 20 април 2019 година, а Порошенко повеќе не е претседател на Украина откако загуби од Владимир Зеленски.     „До објавувањето на овие пренкови (т.е. речиси по една година!), Зоран Заев е сигурен дека комуницирал со претседателот на Украина. Премиерот разговара со „Порошенко“ за ситуацијата во Македонија, Косово, Зеленски, како и за тоа дека е подготвен да даде 100.000 евра кај вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалност на МПЦ“, соопштија комедијантите.

*  Позната фирмата која ќе ги снабдува земјоделците со зелена нафта

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави името на економскиот оператор кој го добил тендeрот за набавка на „зелена нафта“ на земјоделците. Од агенцијата велат дека операторот „Макпетрол акционерско друштво за промет со нафта и нафтени деривати Скопје“ ги исполнил сите услови согласно барањата во тендерската документација.

„Од интернет стрaницата на ЕСЈН,седум економски оператори  подигнале тендерска документација а до Агенцијата преку електронскиот систем  беше доставена само една понуда за набавка на дизел гориво за земјоделска механизација.  Отворањето на понудите беше на 12.06.2019 година“, пишува агенцијата во одговорите до Фактор.

*  „Гранит“ ќе подели 422.000 евра награди, кои се добитниците?

Акционерите на „Гранит“ ќе поделат 422.000 евра награди за менаџментот и за раководниот кадар. И покрај тоа што ова е позитивна корпроративна практика не добивме одговор од управата на „Гранит“ колкумина ќе ги поделат овие пари и колку има за членовите на Управниот одбор

Најголемата македонска градежна компанија „Гранит“ ќе подели 422.000 евра награди на членовите на менаџерскиот тим и на раководниот кадар, одобриле акционерите на таа компанија на собранието одржано на 19 јуни годинава. Во предлог одлуката што беше објавена во мај годинава пишува дека „Гранит“ ќе подели 26 милиони денари од добивката за 2018 година за награди на менаџерскиот тим и на раководниот тим на компанијата. Останатите 2,11 милиони евра добивка по оданочување компанијата ќе ги реинвестира.

*  Македонците се вратија на купување станови и дуќани „на ново“

Огромно раздвижување на пазарот на недвижности во 2018 објави Агенцијата за катастар со 21.006 евидентирани трансакции на купопродажба на станови, куќи, дворни места, плацови, дуќани и други локали што е раст за 9.643 повеќе во однос на една година претходно, или 85 отсто повеќе. 

Безмалку 17 илјади купопродажби биле класични од стар сопственик на нов и се за 7.000 повеќе од лани, додека 3.285 биле директно од инвеститор, што е многу повеќе од само 963 новоградби по кризата во 2017-та. Од останатото, 663 биле откупи од државата и 67 на лицитација. Годината 2018 е далеку подобра и од 2016-та кога се реализирале севкупни 14.167 купопродажби.

*  Каде се „лизна“ силниот поврат на ДДВ на Тевдовски?

Државата им вратила на фирмите 7,8 милијарди денари (126 милиони евра) во првите четири месеци годинава како поврат на платениот Данок на додадена вредност (ДДВ). Сумата е за 2,3 отсто пониска од повратот кој бил извршен во истиот период лани. Овој пад е во време кога има благ пораст на вкупно собраниот ДДВ. Во последниот извештај на Министерството за финансии каде е нотиран овој тренд не се дава образложение за показателите. Повратот на ДДВ за фирмите беше еден од адутите на сега веќе поранешниот министер за финансии од СДСМ Драган Тевдовски. Тој уште кога дојде на функцијата најавуваше дека повратот ќе се прави брзо, ефикасно и навремено, за да им се олесни на фирмите и да се ликвидни. И навистина лани ова време, повратот на ДДВ за првите четири месеци од 2018 година беше дури за 40 отсто повисок од остварениот во 2017 година. Но каде се лизна сега тој поврат?

*  Заев се поколеба, ја одложи „метлата“ за една недела

Премиерот Зоран Заев се поколеба и имињата на функционерите од вториот и третиот ешалон кој ќе подлежат на „метлата“ наместо да ги соопшти денеска, ќе ги објави следниот вторник.

Според најавите, по владината реконструкција и изгласувањето на новите министри во Собранието,  денес требаше да биде познати кои 20-тина директори од јавните претпријатија, дирекции, комисии, фондови и агенции ќе бидат заменети со други кадри.

Како што извести синоќа 24 Вести, Заев барал дополнително време за да размисли за кадровите промени во своите редови, но и се уште немао договор со коалициониот партнер ДУИ.



Можеби ќе ве интересира

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично