17 Декември, 2025
0.0599

Узунов: Политиката се вмеша во трговската војна со Косово

Објавено во: Економија 09 Септември, 2013 14:37

Добивај вести на Viber

Не сум сигурен дека станува збор само за трговска војна, мислам дека има малку и политичка војна е оценката на професорот Ванчо Узунов за последните случувања меѓу Македонија и Косово. - Факт е дека секогаш кога ќе се измешаат политиката и бизнисот, особено кога ќе се измешаат лоша политика и бизнис, за жал страда бизнисот - неправедно, а оттука страдаат и граѓаните. Во бројка не можат да се кажат во моментов, но штетите сигурно дека нема да бидат незначителни со оглед на тоа дека Косово станува се позначаен наш надворешно-трговски партнер и имаме суфицит во размената - вели Узунов. Според него, Владата не требаше да дозволи да се дојде до овој проблем. - Суштина е проблемите да се решаваат однапред, да се предвидат и да не се дозволи да се случат. Откако ќе се случат потоа единствено нешто што може да направите е да ги отстраните причините. Очигледно станува збор за политика, бидејќи нашата влада воведе такси за граѓани и возила од Косово. Тоа не е трговија. Влез на возила и граѓани од Косово. Тоа е надвор од трговија. Тука се вмеша политиката - дециден е професорот.

Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди