16 Јануари, 2025
0.0345

В сабота: Ангелов го најави најголемиот протест досега!

Објавено во: Македонија 23 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Стојанче Ангелов повика вечерва во 19 часот на уште еден бомбашко-кондиционен тренинг и уште една ненасилна поддршка од граѓаните пред МРТВ.

Со зборовите „Борбата за ослободување на МРТ од канџите на режимот продолжува“ тој ги повика граѓаните да му се придружат и вечерва пред МРТВ каде ќе ја образложи кривичната пријава која денеска ја поднесе против главниот и одговорен уредник на МРТВ Диме Ратајкоски.

Пред ЈО Ангелов денеска го обвини  уредникот на МРТВ за селективно и пристрасно пласирање информации преку јавниот сервис за кое обвинување тврди дека има основа за  за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, како и повреда на рамноправноста на граѓаните.

Од друга страна пак уредникот на Националниот сервис за „Дневник“ потенцира дека го следат „Пуч“ но нема да бидат гласило на опозицијата. Тој вели дека неодговорно е да се обвинува МРТ, без да се земе предвид целокупното значење на јавниот сервис , особено нејзиниот информативен сегмент, кога има случај на политичка криза во земјава.

- Едно е да се даде информација за настан, а друго е да се бара „повеќе од информација“, која допрва треба да влезе во судска сала. Има нешто што се нарекува уредувачка политика на куќата, без разлика дали таквата одлука им се допаѓала или не на поединци, група граѓани или политички субјекти. Уредниците и новинарите во јавниот сервис имаат една единствена должност што мора да ја почитуваат, информирањето, но не и коментирање или навлегување во детали на настани што може негативно да влијаат врз целокупната состојба во државата, вели Ратајкоски.

Во врска со протестите организирани од страна на лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов, Ратајкоски смета дека истите се класична злоупотреба и притисок на новинарско-уредничката и граѓанска слобода, од група луѓе кои имаат и тоа како добра причина зошто го прават тоа.

И додека Ратајковски прашува каде биле сите да ги бранат правата на новинарите кои во еден период биле на работ на егзистенцијата и немале земено плата со месеци, Ангелов вели дека Ратајкоски не е добро запознаен со неговите активности пред МРТВ.

За во сабота, 28 март во 12 часот Ангелов го најави најголемиот досега протестен собир пред МРТВ.

Можеби ќе ве интересира

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено