В среда АРМ ќе ги изложи шестте американски оклопни транспортери
Објавено во: Македонија 15 Август, 2022 10:40
Славјанка Петровска, министерката за одбрана, денеска објави дека првите шест оклопни транспортери од САД же бидат изложени пред јавноста в среда на 17 август кога под мотото „30 години безбедност, стабилност, доверба“ Армијата на Република Северна Македонија ќе го одбележи 30-годишниот јубилеј.
- Во среда на воениот стадион ќе бидат излошени првите шест нови оклопни транспортери од американско производство кои неодамна пристигнаа и со кои значително се влијае на борбената готовност на армијата, рече Петровска.
Таа дополни дека дополнително ќе пристигнат од САД уште 27 вакви возила. Манифестацијата по повод јубилејот ќе се одржи на Воениот стадион со почеток во 18:30 часот.
На настанот кој ќе биде целовечерен, посетителите ќе имаат можност одблиску да се запознаат со дел од најновата воена опрема и со новите оклопни возила на Армијата, ќе бидат сведоци на вештините на специјалните сили, а ќе биде изведена и показна вежба со армиските кучиња.
Армијата на Република Северна Македонија по подолго време за потребите на воените сили конечно го доби првиот контигент од лесните оклопни возила 6 ЈЛТВ од американско потекло.
Пред три недели на пристаништето во Солун пристигна првата испорака од лесни оклопни возила во рамките на проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“.
Проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“ е започнат во 2019 година со склучување на Договори помеѓу Владите на Република Северна Македонија и САД, а до крајот на годината очекувсме да пристигнат уште 27 вакви возила.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




