ВАКЦИНАТА НЕ Е ПРИЧИНА, А НИТУ СРЦЕВИТЕ ПРОБЛЕМИ - зошто е во кома пулмологот Ангелко Ѓорчев, чија состојба уште е непроменета
Објавено во: Македонија 30 Март, 2021 13:39
Состојбата на 73-годишниот маж од Северна Македонија, на кој му се слоши во салата „Чаир“ во Ниш викендот е непроменета и тој се уште е во кома. Тоа го изјави директорот на Универзитетскиот клинички центар, Зоран Перишиќ за БЕТА.
„Анализите покажаа дека неговата состојба не е последица на примената вакцина“, изјави Перишиќ.
Лекарите ги елиминирале срцевите проблеми како причина за состојбата, бидејќи е направена коронарна ангиографија и се проверува состојбата на четирите бајпаси што ги имал пациентот од претходно.
„Го реанимирале на лице место, па го однеле со брза помош на кардиологија, а од денес е на интензивна нега во новиот клинички центар во Ниш. Не знаеме колку долго не можел да дише. Не знаеме во која мерка му е оштетен мозокот поради немање на кислород. Сега е на респиратор, во кома. Не знаеме сеуште дали се работи за инфаркт, анафилактичен шок, за редок шок предизвикан од реакција на вакцината, за комбинација од фактори или нешто трето. Сега е најважно да преживее“, информира Ѓорчев.
Директорот на Здравствениот дом во Ниш, Милорад Јеркан, вчера изјави дека на маж од Северна Македонија му се слошило во салата „Чаир“. Неговите први проценки беа дека не е нешто сериозно. Јеркан вчера изјави дека во такви ситуации се можни колапси и како потенцијална причина го наведе заморот.
Тој посочи и дека освен овој случај немало други интервенции и дека имунизацијата поминала добро, како и дека се дадени околу 4.000 вакцини. Вакцинацијата на граѓаните од соседните земји на Србија продолжи и вчера.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




