„ВАКВА НЕСПОСОБНОСТ НА ГРАДСКИТЕ СЛУЖБИ НЕ Е ЗАБЕЛЕЖАНА НИКОГАШ ВО ИСТОРИЈАТА“: За Данела Арсовска, Општина Бутел како да не постои, вели Костовски
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2024 10:18
Повеќе од десет дека екипите ја ЈП Комунална хигиена-Скопје не се појавиле во Општина Бутел да го соберат ѓубрето, обвинува градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.
„За Данела Арсовска, Општина Бутел како да не постои! Состојбата во Општина Бутел е алармантна, повеќе од десет дена екипите ЈП Комунална Хигиена-Скопје кои се под директна команда на Данела Арсовска, се немаат појавено на поголемиот дел од територијата на Општина Бутел“, напиша тој на Фејсбук.
Костовски вели дека сликите се заштрашувачки и додава дека ваква неспособност на градските служби не е забележана никогаш во историјата.
„Додека не е доцна, апелирам слижбите на КХС-Скопје веднаш да излезат и да си ја завршат работата за која се платени од граѓаните ! Доколку Данела не е способна да се справи со овие основни задачи на градот Скопје, веднаш нека ги префрли ингеренциите на општините за да не трпат граѓаните“, напиша тој.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




