17 Септември, 2024
0.0262

ВАЛСАКОР, ЕЛИЦЕА, МЕМАНТИН...И ДРУГИ ЛЕКОВИ НА ПОЗИТИВНАТА ЛИСТА: Ажурирана е по цели десет години

Објавено во: Македонија 22 Август, 2024

Добивај вести на Viber

По повеќе од една деценија, ажурирана е позитивната листа на лекови. Последен пат била проширена во 2014 и тоа со само еден лек, а сега на оваа листа доминираат лекови за хипертензија, за лекување депресија, како и анатикоагулантни лекови.

Во аптеките за Фактор потврдија дека станува збор за лекови кои најчесто ги бараат граѓаните, но како што велат, ќе помине уште барем неколку денови додека се средат сите процедури, а потоа ќе моѓе граѓаните да си ги подигнуваат со бели рецепти.

-На новата проширена позитивна листа на лекови најзастапени се антихипертензиците, како и антидепресивите, па така граѓаните сега по многу пониски цени, односно само со доплата ќе може да си подигнуваат валсакор, периндропил, елицеа, мемантин и така натаму. Но, чекаме да ги добиеме сите детали, ќе треба да се додаде нов шифрарник, самите лекови се разликуваат, на пример елицеа, тоа се таблети кои ги користат луѓето во третман на депресија има од 5, 10 и 20 милиграми, така што треба да ги добиме сите напатствија. Откако ќе ги средиме сите процедури, тогаш со бела рецепта препишана од матичен лекар ќе може пациентите да си ги купуваат.

Ваквата новина е посебно добредојдена за пациентите кои, како што велат за Фактор, ќе издвојуваат помалку пари за лековите кои им се секојдневно неопходни.

-Таблетите елицеа почнав да ги појам пред неколку години кога ми беше дијагностицирана анксиозност. Препишани ми се од специјалист психијатар со што мојата состојба ми е целосно под контрола. Почнав со 5 милиграми, но дозата мораше постепено да ми се зголемува. Сега пијам елицеа од 20 милиграми која чини точно 530 денари. Сега сумата ќе биде далеку пониска, посочува пациент од Скопје.

Министеротза здравство, Арбен Таравари најави дека после шест месеци планираат повторно да ја прошират листата со уште неколку лекови, но сега приоритетот е ставен на овие девет кои се за висок притисок, срцеви заболувања, депресија  и деменција.

– Се работи за 87 лекови во различни форми, јачини и пакувања што имаат активна регистрација во нашата држава, девет генерици претставени преку 87 лекови.Помеѓу нив, опфатени се лекови за висок притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија, како и за деменција, посочи Таравари.

Министерот посочи дека во процесот биле ангажирани експерти кои работеле на неколку законски измени, изработка на нов правилник со европски практики и нова методологија за ставање на лекови на позитивна листа.

– Ова е само почеток на процесот на проширување на позитивната листа, потенцира Таравари.

Воедно, ги повика сите фармацевтски компании да продолжат со нивните апликации за ставање на нови лекови на позитивната листа.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарскиот амбасадор Радуков одбил да ја прими протестната нота од МНР

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарскиот амбасадор Радуков одбил да ја прими протестната нота од МНР

TAРАВАРИ: Данела Арсовска е промашена инвестиција

TAРАВАРИ: Данела Арсовска е промашена инвестиција

СЕМЕЈНИ ПРИЧИНИ ИЛИ ОБРАЗОВАНИЕ: Над 30.000 македонски граѓани лани за прв пат добиле дозвола за престој во EУ

СЕМЕЈНИ ПРИЧИНИ ИЛИ ОБРАЗОВАНИЕ: Над 30.000 македонски граѓани лани за прв пат добиле дозвола за престој во EУ

МНР УПАТИ ПРОТЕСТНА НОТА: Бугарскиот амбасадор не ја прифатил

МНР УПАТИ ПРОТЕСТНА НОТА: Бугарскиот амбасадор не ја прифатил

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ДЕМАРШ ДО БУГАРИЈА: Нема веќе меѓународна политика и дипломатија со свиткана кичма

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ДЕМАРШ ДО БУГАРИЈА: Нема веќе меѓународна политика и дипломатија со свиткана кичма

„ОСТАНАА 10 - 15 НЕРАЗРЕШНИ ДИРЕКТОРИ“: Таравари вели наскоро цел Клинички центар ќе има еден директор

„ОСТАНАА 10 - 15 НЕРАЗРЕШНИ ДИРЕКТОРИ“: Таравари вели наскоро цел Клинички центар ќе има еден директор

Се огласи Радев, посетата на Сиљановска Давкова била неофицијална

Се огласи Радев, посетата на Сиљановска Давкова била неофицијална

ДО КРАЈ НА ГОДИНАТА ДА СЕ ВРАБОТАТ ПРВИТЕ 300 ДОКТОРИ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ - за останатите ќе се бара решение следната година

ДО КРАЈ НА ГОДИНАТА ДА СЕ ВРАБОТАТ ПРВИТЕ 300 ДОКТОРИ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ - за останатите ќе се бара решение следната година

Хируршките сали без компресорска станица до крајот на годината

Хируршките сали без компресорска станица до крајот на годината