06 Октомври, 2024
0.0249

„ВАН ХУЛ“ ДИЛЕМИ: Што даваме, а што добиваме од странските инвеститори?

Објавено во: Економија 07 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Објавата на Ван Хул дека од државата добиле 17 милиони евра субвенции за да ја направат нивната фабрика, вкупно вредна 30 милиони евра уште еднаш ги покрена прашањата, што даваме на странските инвеститори и дали е тоа исплатливо. Поволностите што Македонија ги нуди на странските инвеститори кои ќе решат да вложат во Слободните економски зони се групираат во четири позиции: даночни ослободувања, царински ослободувања,  инфраструктурна логистика и субвенции. Инфраструктура и субвенции: Најпрво, земјиштето за изградба на погоните се дава под концесија до 99 години. Инвеститорите  се ослободени од плаќање на надомест за уредување на градежното земјиште кон единиците  на локалната самоуправа, како и од надоместоци за добивање на градежни дозволи. Во исто време тие не плаќаат приклучок за гасовод, водоводна и канализациона мрежа. Во зависност од бројот на вработени и вредноста на инвестицијата, Владата  учествува и во трошоците за градба на корисниците во ТИРЗ  во висина до 500 000 евра. Даночни ослободувања: Инвеститорите што ќе отворат фабрика во некоја од Технолошко-индустриските развојни зони целосно се ослободени од Данокот на додадена вредност, односно стапката изнесува 0%. Во период од 10 години тие се ослободени и од другите даноци. Еве какви даноци се плаќаат доколку инвеститорот е во или надвор од слободните економски зони: Во зона                    Надвор од зона Данок на додадена вредност            0%                              18% Данок на добивка                           0% за 10 год                  10% Персонален данок                         0% за 10 год                   10% Ова значи дека инвеститорите во зоните се целосно ослободени од плаќање на данокот на добивка и персоналниот данок на доход за период од 10 години, или поконкретно инвеститорот не плаќа персонален данок за сите исплатени плати на вработените во период од една деценија. Царински ослободувања: Сите инвеститори во слободните економски зони се дел од Царинскиот зелен канал – не плаќаат царински давачки. Стапката за увоз на суровини и за опрема изнесува 0%. Еве какви царински давачки имаат фирмите што работат во и надвор од зоните: Во зона                                    Надвор од зона Суровини                            0%                                               0% – 15% Опрема                                0%                                               5% -20% Сите овие поволности, во пакет треба да го стимулираат влезот на странски инвеститори од различни сектори, информатичката технологија,  изработка на софтвери, склопување хардвер, дигитални записи, компјутерски чипови, научно истражувачка дејност и производство засновано на нови технологии со високи еколошки стандарди, услуги кои се директно поврзани со увоз на добра кои се внесуваат во зоната (под услов добрата да не се наменети за крајна потрошувачка). Ефектите, од друга страна се уште се тешко мерливи. Нето ефектите поточно. Се зголемува вработеноста, точно, но треба да се потенцира дека за сите вработени придонесите се плаќаат од буџетот, односно се на товар на македонските даночни обврзници. Се зголемува извозот, точно, но треба да се потенцира дека во исто време расте и увозот на репроматеријали потребни за производството во зоните, а на нив не се плаќа царина. Расте БДП, точно, но таквиот раст е повеќе статистички е добар за македонската економија, а главната реална придобивка е за газдите на компаниите.

Можеби ќе ве интересира

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?