15 Јануари, 2025
0.0285

Ван Хул: Владата е партнер на инвеститорите, но мора да се отстранат бирократските пречки!

Објавено во: Економија 12 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Во ексклуизвно интервју за Фактор, Филип Ван Хул објаснува зошто токму во Македонија градат фабрика за автобуси. Ниските трошоци за производство и упорноста на Владата за привлекување на странски инвеститори биле главната причина на белгиската компанија Ван Хул да реши да инвестира во изградба на фабрика во Македонија. Филип Ван Хул, е основач и генерален директор на белгиската компанија, и потенцира дека блиските контакти меѓу домашните и странските компании можат само да резултираат со зголемување на странските инвестиции во државата и зголемување на извозот на домашните компании. Интервјуто со генералниот директор и првиот кираџија во индустриската зона Бунарџик 2, го правевме во рамки на Глобалниот инвестициски формум Македонија 2025 кој се одржа минатата година во Охрид, каде што Ван Хул на присутните инвеститори им раскажа зошто се решиле да инвестираат во Македонија Александра Спасевска ФАКТОР:Која е главната причина што решивте да инвестирате во Македонија во изградба на фабрика за автобуси? ВАН ХУЛ:Основната причина што решивме да инвестираме во Македонија е ефтината работна сила. Трошоците за работна рака учествуваат со голем процент во производството или над 75% во вредноста на производот.Со оглед на тоа што во последно време се зголеми конкуренцијата од Турција, Полска и Чешка на европскиот пазар и Кина и Мексико, за пласман на американскиот пазар ни треба фабрика каде што ќе произведуваме со ниски трошоци за работна сила. Имавме првично во план да инвестираме во Турција, но поради бирократијата во оваа земја и поради не толку добриот прием, прекинавме соработката со турскиот партнер. Потоа се преселивме во Србија, бидејќи српската Влада не контактираше и беа информирани дека бараме земја за инвестиција, но паралелено и министерот за странски инвестиции Веле Самак не контактираше и не потсетуваше на можностите за инвестирање во Македонија. Тој, се јавуваше на секои шест месеци во период од неколку години и поради упорноста решивме да ја градиме фабриката тука. Секако и пакетот на олеснувања за странски инвеститори, беше предност. Ме привлече и директниот контакт на владините претставници со инвеститорите и можеме лично да ги контактираме и да добиеме одговор за било кој проблем за многу кратко време. Тие повеќе се како менаџери и кога ќе споредам со другите земји, посебно со Западна Европа или Америка каде процесот е многу долг да контактирате со нив и да добиете одговор. Ова е многу важно за привлекување на странски инвеститори. Ние сега сме како партнери, што не е случај со другите земји. ФАКТОР:Фабриката на Ван Хул е последен странски инвеститор кој започнал инвестиција во Македонија. Дали досега сте детектирале некој проблем за реализација на инвестицијата и дали имате некои предлози до Владата во насока на подобрување на инвестициската клима? ВАН ХУЛ:Владата се движи во вистинската насока, но во некои аспекти сеуште треба да работат на олеснување на бирократските проблеми и пречки, за полесно да функционира системот сам. Мора повеќе да работат во оваа насока, и полесно и побрзо да се добиваат исте потребни документи. Работите така ќе се одвиваат и реализираат со многу побрзо темпо. ФАКТОР: На кој пазари ќе се продаваат автобусите кои што ќе се произведуваат во Македонија и дали кризата ќе има влијание на пласманот на вашите производи на странските пазари? ВАН ХУЛ:Прво ќе почнеме да извезуваме на американскиот пазар, имаме порачано од 530 автобуси, што е голема нарачка за нашиот сектор. Прво почнуваме од тука, потоа за две или три години ќе почнеме да произведуваме и за пласман на европскиот пазар, конкретно за Западна Европа. Источна Европа ни е третиот чекор, а од оваа фабрика во Македонија имаме и во план да извезуваме автобуси и за Блискиот исток и во Израел. Ние го изгубивме овој пазар поради големите трошоци за работна сила и неконкурентна цена, и сега повторно ќе го освоиме овој закон. Знам и дека има многу добар однос меѓу Македонија и Израел, што е причина плус да продаваме производи произведени во Македонија. Кризата во Европа е поврзана и со Македонија. Ние ја почуствувавме кризата и во Белгија. Потрошувачите сакаат сега да купат поевтини производи, а компаниите поради големата понуда и се поголемите трошоци на производство неможат да понудат поевтини производи со добар квалитет. Затоа за нас е многу важно да имаме производи кои ќе имаат конкурентна цена. Со оваа инвестиција одиме во таа насока, за да се спречат поголеми удари од кризата за нашата компанија.  

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања