24 Јануари, 2025
0.0446

Ванковска: Држи се Македонијо!

Објавено во: Македонија 01 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Знам дека мнозина со радост ја дочекаа одлуката на Иванов да не додели мандат за формирање нова влада. Но, размислете за неколку работи: 

Прво, албанската Платформа го виде денот на 7 јануари, на Божиќ, зар не? Уште тогаш Претседателот требаше да им упати порака на лидерите на партиите и да ги предупреди дека доколку преговараат врз основа на такви барања, тоа ќе биде спротивно на Уставот и ќе претставува повреда на Кривичниот законик! (Загрозување на независноста, Член 308)

Граѓанин на Република Македонија кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор најмалку пет години.

Второ, зошто Иванов не го соопшти ова ВЕДНАШ, туку откако Груевски не успеа да формира влада (а преговараше за истите прашања) и откако Заев обезбеди мнозинство?

Трето, кои се тие правни експерти кои ги консултирал, кога нема советници или истите се анонимни? Зошто не ги собра јавно професорите по уставно право уште многу порано (еве, на пример, и проф. Силјановска и проф. Шкариќ јавно кажаа дека не биле воопшто консултирани)?

Четврто, на прес-конференцијата слушнавме силни зборови - и дека има решенија! Но, тој не кажа ниту збор за излезните решенија - не' остави во недоумица! Остануваме во уставен вакуум!

Петто, во политичкиот мозаик добиваме уште еден маченик за Македонија, а мене повеќе ми наликува на „заспаната убавица“!

ДРЖИ СЕ, МАКЕДОНИЈО!

Фејсбук статус на Билјана Ванковска.


Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНТСКИ ОБРОК ЗА 160 ДЕНАРИ ИЛИ МЕРКАТА ДА ОПФАТИ ПОГОЛЕМ БРОЈ СТУДЕНТИ? Што ќе одлучат идните академски граѓани

СТУДЕНТСКИ ОБРОК ЗА 160 ДЕНАРИ ИЛИ МЕРКАТА ДА ОПФАТИ ПОГОЛЕМ БРОЈ СТУДЕНТИ? Што ќе одлучат идните академски граѓани

„ВИЕ ВО ЌОРКА, ГОЛЕМЦИВЕ НА СЛОБОДА“: Адвокатот Митревски жестоко за 27 април, вели имал другари од случајот на кои им велел да не одат

„ВИЕ ВО ЌОРКА, ГОЛЕМЦИВЕ НА СЛОБОДА“: Адвокатот Митревски жестоко за 27 април, вели имал другари од случајот на кои им велел да не одат

НАЈДЕ ВРЕМЕ И ДА ПРОШЕТА: Еве каде премиерот го искористи слободното време во САД

НАЈДЕ ВРЕМЕ И ДА ПРОШЕТА: Еве каде премиерот го искористи слободното време во САД

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди