12 Мај, 2024
0.0246

Вашингтон пост: Македонија на листата на земји со висок здравствен ризик

Објавено во: Мои пари 22 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Неодамнешниот извештај на Индексот за здравствени ризици изработен од фондацијата Интернешнел СОС, организација специјализирана за процена на квалитетот на здравството во земјите во кои патуваат нивните клиенти во листата вбројува неколку земји од регионот меѓу кои и Македонија, Бих, Косово и Албанија, пренесува Вашингтон пост.

Светската мапа изработена од организацијата е направена врз основа на повеќе од 300.000 медицински инциденти што разни компании во 2014 година ги пријавиле кај Интернешнел СОС, кој е специјализиран за здравствена заштита и итни медицински услуги за клиенти што имаат бизнис-патници во странство. Врз основа на тие податоци, во изработката на панелот биле земени предвид заканите од заразни болести, хигиената и санитацијата, фреквенцијата на несреќите и достапноста и квалитетот на локалната здравствена инфраструктура за да се утврди колку може да биде ризично патувањето во одредена земја.

И покрај нивниот беспрекорен природен шарм и убавина, Бутан и Мадагаскар претставуваат земји со низа на ризици: од тешкотијата за наоѓање на соодветни болници во оддалечените области до лошите санитарни услови во другите.

Некои класификации направени во овој индекс треба да се доведат во прашање, како Куба, на пример - земја чии лекари се меѓународно признати - е класифицирана како земја  со "висок ризик" во Латинска Америка.

Светската здравствена организација во 2008 укажа на импресивни подобрувања дека земјата во одредени здравствени индикатори бележи подобрувања во последните 30 години. До 2008 година, Куба, не  можеше да ја задоволи домашната медицинска побарувачката, но, исто така, обучувани беа 20.000 странски лекари и медицински сестри годишно. Па кои се причините за загриженост на СОС Интернешнал?

Иако организацијата не дава објаснување поединечни земји ги дефинира со "висок ризик" .

Службите за вонредни состојби, кои се достапни во оддалечените области, ограничен пристап до квалитетни лекови на рецепт, како и заканата од сериозни заразни болести се меѓу карактеристики на ризично-туристичките дестинации, според оваа организација. Оттука, посетата на Куба може да биде безбедна, ако се ограничите на патувањето кон поголемите градови, додека патувања во руралните средини може да биде многу поопасно отколку што може да замислите.

Според организацијата, Африка е најмногу погодени од недостигот на медицинска грижа и потрошен материјал за странци кои имаат потреба од нив. Околу половина од народите на континентот се класифицирани во графата на „голем ризик“, особено оние во Западна Африка, кои се погодени од вирусот ебола.

И покрај тоа, здравствените опасности во Етиопија, Кенија, Намибија, Нигерија и Руанда значително биле намалени, меѓу 2013-2014.

Интернешнел СОС земјите на БРИКС ги класифицира како големи, земји кои брзо се развиваат и во нив може да се забележи посебен модел: Висок квалитет на медицинска нега е достапна во поголемите градови, но не и во повеќе оддалечените и руралните области, што ги прави тешки за класификација како некои земји во целина.

Неизненадувачки, повеќето западни, јужни и централни земји во Европа се сметаат за земји со "низок ризик" на дестинации за патување поради нивните универзални и достапни здравствени системи.

Повеќето од Источна Европа, сепак, може да претставуваат земји со среден ризик, па дури и со висок ризик како што е случај во Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и Македонија, Белорусија, Молдавија и Украина кои што се класифицирани во иста категорија.

Изненадувачки, Грција се смета за една од најбезбедните дестинации за патниците, и покрај 40-те проценти намалување на јавните болнички буџети во 2011 и повремените дефицити во медицински материјали во 2013. imrs11

Можеби ќе ве интересира

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?