16 Декември, 2025
0.0319

ВЧЕРА 4 СТРАОТНИ НЕСРЕЌИ: Продолжуваат страшните сообраќајни незгоди во Скопје

Објавено во: Македонија 18 Мај, 2018 16:04

Добивај вести на Viber

Продолжува зголемениот интензитет на сообраќајни незгоди.

На ул.„Џон Кенеди" во Скопје,  вчера во 15:30 часот А.Ѓ.(48) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Сеат Ибица" со скопски регистарски ознаки  удрил во 14 -годишно дете од Скопје. По незгодата, со возило на брза помош детето било пресенено во Градска општа болница „Св. Наум Охридски", каде од страна на доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

На булевар „Македонија" во Скопје вчера во 16:40 часот патничко моторно возило  „Опел Корса" со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(63) од Скопје удрило во мотоцикл „Гилера" со национална ознака на Швајцарија, управуван од Р.С.(36) од Скопје.

Од ударот, Р.С. и сопатникот на мотоциклот Ш.С.(25) од Скопје со возило на брза помош биле пренесени во Комплекс клиники "Мајка Тереза". Кај сопатникот биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување, додека на Р.С. му биле констатирани телесни повреди и бил пуштен на домашно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

На булевар „Никола Карев" во Скопје, вчера во 17:30 часот кај приклучокот од булевар „Крсте Мисирков", Е.Б. (32) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Опел Зафира" со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот И.М. (83) од Скопје. Од ударот со повреди се здобил И.М., кој со возило на брза помош бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски" каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

На крстосница од ул.„Ферид Мурати" и ул.„Тале Христивов",  синоќа во 19:30 часот Х.М.(21) од Скопје, управувајќи патничко возило „Фолксваген Пасат" со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Л.С.(54) од Скопје. Од ударот, Л.С. се здобила со повреди и со возило на брза помош била пренесена во Градска општа болница „8-ми Септември", каде и биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење