Вечерва ќе биде нападнато „срцето“ на ИСИС
Објавено во: Свет 08 Октомври, 2017
Сириските борбени сили вечерва ќе ја стартуваат конечната офанзива на градот Рака кој со години е окупиран од џихадистите кои војуваат за ИСИС. Рака исто така се нарекува и главен град на ИСИС бидејќи таму се стационирани повеќето команданти и оваа територија беше прогласена за калифат каде се практикуваа жестоки правила на живот со секојдневни егзекуции.
Градот е опколен како од силите поддржани од САД, така и од војската на Башр ал Асад која има „грб“ од Русија.
Нападот првенствено ќе биде насочен на подрачјето околу стадионот и обидот тој стадион да се опколи од сите страни.
Сириските демократски сили навлегоа во Рака во јуни откако со месеци се обидуваа да го опколат градот.