Добивај вести на Viber
Велешката тулана „Киро Ќучук“ отиде во стечај. По барање на Управата за јавни приходи, Основниот суд донесе решение за отворање на стечајна постапка.
За стечаен управник е назначен Ацо Петров.
Фабриката има вкупен долг во висина од девет милиони евра од кои 6,1 се долг кон државата, за неисплатени плати, придонеси, даноци.
Одлуката на судот со нетрпение ја очекуваа и стотина вработени во фабриката, кои со месеци па и години не одат на работа. Компанијата им должи по дваесетина плати, а не им се исплатени ниту придонесите за здравствено и пензиско осигурување за повеќе од пет години.