16 Декември, 2025
0.0358

ВЕЛИ МАКЕДОНИЈА Е БУГАРСКА: Џамбаски доаѓа во Скопје да ја чествува Мара Бунева

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2023 13:20

Добивај вести на Viber

Бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски повика на чествување на Мара Бунева во Скопје.

Тој упати повик на социјалните мрежи. Употреби термини како „Вечна памет на Мара Бунева“ и „Да живее Бугарија! Македонија е бугарска!“. Џамбаски вели дека за Бугарите е организиран превоз од Софија до Скопје. 

„По традиција ВМРО ќе го одбележи подвигот на Мара Бунева“, напиша Џамбаски на Фејсбук.

Чествувањето претходно го најави и Фондацијата Македонија и ги повика оние кои сакаат да ѝ оддадат почит да дојдат на панихида во црквата Св.Димитрија. Планирано е потоа да положат цвеќе на плочата на Бунева на Кејот на Вардар.

Веројатно ќе се појават повеќе од 300 гости од Бугарија и од Европа и како што велат „стотици Бугари од Скопје, Охрид, Битола, Богданци, Струмица, Штип, Кочани, Велес, Гевгелија, Прилеп итн.“.

Претседателот на Фондацијата „Македонија“ , Виктор Стојанов со неколку видеа на социјалните мрежи се пофали дека стотици Бугари ја преминале македонската граница за да им се приклучат на Бугарите од Македонија на чествувањето.

Инаку, лани кога Македонците во Бугарија го отворија културниот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Џамбаски одржа протест и не дозволи Македоцните да положат цвеќе пред споменикот на херојот Гоце Делчев. 

Тој повеќе пати провоцираше и велеше дека Македонија е бугарска.  Истото го кажа и во кампања за изборите, а воедно објави и видео на кое зад него имаше карта на Голема Бугарија, сосе територијата на Македонија. 

И претходните години дел од Бугарите доаѓаа на панихида во Скопје, но македонските граѓани во знак на револт протестираа. 

Бунева го извршила атентатот врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ во 1928 година. Основно училиште учела во Тетово, а средно во Скопје. Родена е во 1902 година, а загинала во 1928 година. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење