Вели во земјата немало криза - дали Ердоган ги негира фактите?
Објавено во: Економија 19 Септември, 2018
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека во земјата нема економска криза.
Toj повика при плаќање да не се користат девизи.
„Сега ние сме во период на подем. Не верувајте дека има криза, сето тоа е манипулација. Нема криза“ - вели тој.
Се појавува проблем во земјата при плаќањето на кириите во трговските центри. Ердоган вели дека нема да се плаќа во евра и долари, туку во лири.„Овде е Турција, а не САД. Тука е турската лира. За лири ќе изнајмувате“ - вели Ердоган.
Од почетокот на годината турската лира изгуби околу 40 процентни од вредноста во однос на доларот, што доведе до голем број на економски тешкотии во земјата - пораст на инфлацијата, поскапување на стоки и услуги.