19 Декември, 2025
0.1244

Велигденска заплена на Царината – фатија 13кг марихуана

Објавено во: Мои пари 20 Април, 2014 11:50

Добивај вести на Viber

Секторот за контрола и истраги при Царинската управа, на граничниот премин табановце спречи шверц на 13 килограми високо квалитетна марихуана. Запленетата марихуана во 26 пакетчиња, на западно еврпскиот наркопазар, при продажба на големо би достигнала вредност од околу 40.000 евра. Вчера околу 14 часот на ГП Табановце за излез од Република Македонија се пријавило патничко моторно возило марка „Цитроен Ксара Пикасо“ со албански регистарски ознаки,  управувано од албански државјанин со иницијали Ф.К.(22). Во возилото како сопатник било присутно уште едно лице А.Л.(22), исто така албански државјанин. - При контрола на лицата и возилото,  инспекторите од Одделението за оперативни работи забележале  дека дел од каросеријата е свежо бојадисан, китиран  и видно изменет, а при отстранување на китираното место се појавила специјално направена плочка. Со отстранување на металната плочка се гледа специјално направен бункер во кој се пронајдени 15 пакетчиња обвиткани со селотејп трака премачкани со црна мрсна материја и наполнети со непозната тревкаста материја, изјави директорката на Царинската управа Наташа Радеска Крстевска. Под десното совозачко седиште, по отстранување на теписонот и пластичната преграда, пронајдени биле уште 11 исто такви пакетчиња, обвиткани со селотејп трака премачкани со црна мрсна материја. Царинските инспектори утврдиле дека Ф.К. и А.Л., биле ангажирани од страна на државјанин на Република Албанија, за сума од 3.000 евра со возилото да ја пренесат дрогата преку Македонија, Србија, Унгарија и Австрија, до Хамбург – Германија, каде истата требало да биде превземена.  Осомничените, го превзеле веќе подготвеното возило од лицето кое ги најмило да ја пренесат дрогата и со истото се упатиле кон Германија преку Македонија. Царинската управа на Република Македонија против осомничените поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. - Ова е во поселдните 10 дена трета акција во која што царинските службеници запленвуаат марихуана на ГП Табановце. Вкуипно во трите акции одвоено се запаленети 38 килгорами мариуаха, чија вредност на наро пазарот би достигнала околу 90 илјади евра, изјави директорката Наташа Радеска Крстевска. Претходно годинава во соработка со МВР Царината има запленето 1 килограм амфетамини на Богоридица и 12 килограми хероин на  Богородица и дел на Табановце.

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза