Велосипедистите го поднесоа барањето за урбанистички измени
Објавено во: Македонија 24 Април, 2018 09:36
Намалување на широчината на коловозните ленти, задолжителен минимален број паркирни места за велосипеди за различен тип објекти, задолжително велосипедско паркиралиште за секој новоизграден објект, утврдување правила за поставување урбана опрема како канделабри, корпи за отпадоци, контејнери, воведување категориите велосипедска улица и пат во законите, усогласување на правилници и закони…
Ова се само дел од предлозите кои на 30 март неформалните групи НаТочак – Скопје заедно со Битола НаТочак, Прилеп НаТочак, Гостивар НаТочак и Штип НаТочак ги испратија до Комората на инженери и архитекти, по нивниот повик до членовите-инженери.
Комората, заедно со повеќе други институции е дел од интерресорското Координативно тело формирано од страна на Владата на Р.М., за промена на планерската и градителската легислатива, со цел таа да се осовремени и да одговори на новите предизвици на времето, но и на уставните определби за хуманизација на просторот. Ова тело треба да ги земе предвид поднесените предлози и врз основа на нив да изготви текстови за измена на актите.
Овие предлози и информирањето на јавноста за потребата и поднесувањето на истите, ќе биде и тема на априлската „Критична маса“ во пет градови во Македонија, а ќе се одржи во среда во Скопје, Штип и Прилеп, во четврток во Битола и во недела во Гостивар. На ова издание на „Критична маса“ велосипедистите ќе возат под слоганот „Подобри закони за поубави градови. Поддршка за промените“
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




