ВЕТЕР И ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: ЦУК со предупредување до граѓаните
Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2023 12:52
Денес во попладневните и вечерните часови на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град.
Под влијание на нестабилна и влажна воздушна маса за време на викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија и влажност во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и изолирана појава на град.
И во Скопската Котлина доцна попладне и за време на викендот ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, информираат од ЦУК.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




