17 Декември, 2025
0.0602

(ВИДЕО) 700 имигранти се удавија во Средоземното Море

Објавено во: Свет 19 Април, 2015 21:39

Добивај вести на Viber

Околу 700 имигранти најверојатно се удавиле откако риболовен чамец се преврте во Средоземното Море крај брегот на Либија вчера.

Потврдена беше смртта на 24 лица.

Според податоците на италијанските власти на бродот имало меѓу 500 и 700 лица, а инцидентот се случил на околу 200 километри јужно од островот Лампедуза.

Сигналот за катастрофата бил поднесен во саботата навечер. Се смета дека долгиот 20 метри брод почнал да тоне, по што загубил рамнотежа и се превртел, бидејќи имигрантите се префрлиле од едната страна поради приближувањето на португалскиот трговски брод. Тие се надевале дека ќе бидат спасени на него.

MAP-Lampedusa

28 лица успеале да се качат на бродот, но тогаш настанала трагедијата. Еден од преживеаните изјавил дека на бродот имало барем 700 луѓе.

Италијанската крајбрежна стража веднаш ja почнала големата спасувачка операција, во која учествувале и авиони, воени и трговски бродови. Бројни тела биле пронајдени на либискиот брег за време на акцијата. Се претпоставува дека другите патници загинале.

emigranti-sredozemno-more-foto-printscreen-yt-1429434998-643461

„Во моментов стравувањата се дека сме соочени со трагедија од огромни размери“, изјавил портпаролот на Високиот комесаријат за бегалци на ОН Карлос Сами.

„Постојат дамки од гориво, парчиња дрво и спасувачки елеци во водата“, изјавил генералот Антонио Ирасо од италијанската крајбрежна стража. Од службата првично изјавија дека операцијата се уште е концентрирана врз потрага и спасување, но со текот на времето таа ќе се претвори во операција за откривање на тела.

Ако бројот на жртвите се потврди, тоа ќе биде една од најголемите трагедии во долгогодишната имигрантска криза на јужниот Медитеран.

MAIN-Lampedusa

Само пред околу една недела друг брод потона во истиот регион, при што се смета дека загинале околу 400 лица. Вчера францускиот претседател Франсоа Оланд побара итен состанок на ЕУ за решавање на проблемот. Само во последната недела италијанската крајбрежна стража  спасила 10 000 сиромашни имигранти.

ПОВИК

Папата Францис ги повика ЕУ да ја зголемат помошта за Италија во врска со приливот на имигранти во Средоземното Море, кои бегаат од војни, прогони и мизерија. Својата молба светиот отец ја упатил само неколку часа пред трагедијата со 700 удавени имигранти крај Либија.

По состанокот во Ватикан со италијанскиот претседател Серџо Матарела папата изјавил дека „очигледно степенот на оваа појава бара далеку повеќе сеопфатна интервенција“, и повика неуморно да се инсистира Европа и светот да се вклучат со решавањето на проблемот. Папата и се заблагодари на италијанската држава за спасување и давање на засолниште на бегалците.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/aU9xEzdAz_Q[/embed]

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави