(ВИДЕО) БАХАМИТЕ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА: Доријан „тргна“ кон САД
Објавено во: Свет 04 Септември, 2019
Ураганот Доријан, кој однесе пет животи , ги срамни Бахамите со земјата. Објавено е видео на кое е покажана разорната моќ на овој тропски циклон кој се приближува кон САД.
Снимките направени од воздух, оставаат без коментар. Куќите и другите објекти се целосно поплавени, само крововите се гледаат и нивните делови се расфрлани наоколу. Пливаат автомобили, ѓубре има на сите страни.
Како што објави американскиот Национален центар за урагани , ураганот ослабнал и преминал од петта во четврта категорија но опасноста од нов удар сеуште постои.
Медиуми од светот јавија дека силни дождови и поплави кои веќе ја погодуваат Флорида, се шират кон Јужна и Северна Каролина.