16 Декември, 2025
0.1011

(ВИДЕО) Да го направиме понеделникот петок… и секој момент од животот момент за уживање

Објавено во: Мои пари 28 Март, 2016 16:12

Добивај вести на Viber

Хеј сите вие кои сте постојано во гужва, успорете малку, сигурно нешто убаво пропуштате...

СКОПСКО, секогаш автентичен и свој, со најновата ТВ рекламауште еднаш го отсликува нашето секојдневие, гледајќиниз позитивна призма полна оптимизам за убавите нешта околу нас.

Приказната во ТВ рекламата ни ја раскажува еден од најпознатите македонски актери, Никола Ристановски. Енергичен и позитивен, Ристановски движејќи се низ различни секојдневни ситуации ги повикува луѓето да застанат за момент и да уживаат во животот, да уживаат во секојдневните моменти и да ги претворат во утрешни спомени.

Новата СКОПСКО реклама нѐ поттикнува да ја гледаме позитивната страна на нештата:

‘‘ТВ рекламата на СКОПСКО која за прв пат ви ја претставуваме денес, пренесува инспиративна, јасна и искрена порака за сите нас –  да успориме малку и  да го живееме сегашниот момент, затоа што денешните доживувања се нашите утрешни сеќавања. Создадовме реклама која е значајна за сите, бидејќи е позитивна, искрена и поттикнува на поголема верба во иднината, нешто кон кое ние во Пивара Скопје се стремиме, а нашиот бренд СКОПСКО го отсликува. ‘‘ – изјави г-ѓа Зденка Милановиќ, маркетинг менаџер на Пивара Скопје.

СКОПСКО нѐ повикува да го направиме понеделникот петок и секој момент од животот момент за уживање:

[youtubevideo url='https://youtu.be/sx5FsBgcIkY']

"Вистинска реткост е да се добие сценарио што нуди простор за особен визуелен третман. Тоа беше поттик за нас, но и за целата екипа, да создадеме нешто поинакво. Со нас го имавме и Никола Ристановски, кој донесе уште еден слој на извонредност во целиот проект. СКОПСКО отсекогаш ги поместувало границите во рекламирањето, и овој рекламен филм се надворзува на таа традиција.”- е задничкиот став на режисерското дуо Даријан Пејовски и Кристијан Ристески.

Рекламата е во домашна продукција и сите сцени се снимени на различни локации во Скопје.

Почнувајќи од денес се емитува на телевизија и може да се најде на Facebookстраницата и YouTube каналот на СКОПСКО.

За крај, да повикаме и ние: хеј сите вие, пријатели и комшии, срамежливи и гласни, млади и стари, да застанеме за момент и да почувствуваме – животот е околу нас, ајде да бидеме дел од него и заедно со СКОПСКО да ги создаваме нашите нови спомени.

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави