(ВИДЕО) ДЕЛО НА „САЈБЕР ПАРТИЗАНИ“: На руските телевизии емитуваа видео во кое порачаа дека и по 3.5 години, Путин не освои целосно ниту една област
Објавено во: Свет 25 Август, 2025 18:35
На Денот на независноста на Украина, на дури 116 руски телевизиски канали истовремено се појави видео што прикажува криза со гориво во Русија, недостиг на вода во окупираните делови од Донецк, украински напади врз нафтени рафинерии и воените загуби на руската армија.
„Поминаа три и пол години војна, а рускиот претседател Владимир Путин не успеа целосно да освои ниту една украинска област. Украина останува независна“, се вели во видеото.
Според информации на „Kyiv Independent“, локални „сајбер партизани“ го блокирале пристапот на администраторите на руските провајдери, со што им било отежнато да го прекинат емитувањето. Наводно, најмалку 50.000 гледачи во Москва и други региони ја следеле снимката, која се појавила и преку апликации на Apple Store, Google Play, паметни телевизори и кабелски мрежи.
Овој инцидент е последен во низата кибер-напади што Украина ги изведува врз руските медиумски и технолошки платформи од почетокот на инвазијата во 2022 година. Во јули, украински експерти за кибер-безбедност од военото разузнавање (ГУР) изведоа голем напад врз инфраструктурата на рускиот енергетски гигант „Гаспром“, што предизвика значителни нарушувања во работењето.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.During evening primetime on August 24, cyber experts hacked a Russian TV provider, showing a video about Russian army losses in Ukraine and gasoline shortages, an informed source told hromadske. pic.twitter.com/e41HXoS4FK
— Hromadske Int. (@Hromadske) August 25, 2025
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




