(ВИДЕО) ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ НА АЕРОДРОМОТ ВО ТИРАНА: Вооружени мафијаши избегале со 10 милиони евра, еден убиен
Објавено во: Балкан 10 Април, 2019
Албанската полиција соопшти дека е пукано во маж откако група неидентификувани лица извела кражба на меѓународниот аеродром, но не е соопштено за која сума се работи и кој е ограбен.
Како што пренесе Дејли меил се работи за сума од 10 милиони евра која е украдена од авион кој се подготвувал да полета.
Полицијата само навела дека станува збор за група маскирани и вооружени мажи, како и дека кражбата се случила попладнето на аеродромот Мајка Тереза Ринаси во Тирана, пренесе АП.
Како што се наведува, дошло до размена на оган на километар од аеродромот, и при таа прилика е убиен маж.
Мафијашите се обиделе да го пресретнат блиндираното возило кое ги пренесувало парите до авионот.
Извор: Daily Mail/Tanjug
Foto: Screenshot