(ВИДЕО) Георгиевски: Милијардата на Циле беше ПР маркетинг, како сега што се ветуваат 6 милијарди евра
Објавено во: Економија 09 Мај, 2025 11:58
Поранешниот премиер и актуелен бизнисмен Љубчо Георгиевски во поткастот „Бизнис муабети“ вели дека кога политичарите нафрлаат милијарди евра во јавноста тоа е политички маркетинг и невистина на која граѓаните треба да наседнат на оптимизмот.
Тој се согласува дека таков бил случајот со поранешниот премиер Зоран Заев кога ветувал влез на 8 милијарди евра, но и со неговиот коалиционен партнер Васил Тупурковски кога најави „милијарда“ од Тајван. Затоа, вели Георгиевски, таков е и случлајот со последните најави на актуелниот премиер Христијан Мицкоски за инвестиции од 5 до 6 милијарди евра.
- Тоа беше ПР маркетинг. Ја немаше (милијардата), не дојде .Еве и сега слушам дека ќе дошле 6 милијарди, рече претседателот на ВМРО-НП.
Ова ВМРО-ДПМНЕ,според Георгиевски, е „просрпско“ и како што вели тој, нема такво нешто во историјата. Георгиевски вели дека со актуелниот мандат на владата ќе бидат загубени четири години во евроинтеграциите
- Ова ВМРО нема врска ни со историското, ниту со она од наше време, рече Георгиевски и додаде дека актуелниот претседател на владеачката партија е донесен таму од претходниот премиер Никола Груевски.
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




