(ВИДЕО) ГО МОТИВИРАЛА ВНУКАТА: Црногорец на 88 години се запиша на факултет

Објавено во: Балкан 23 Ноември, 2022
Дека никогаш не е доцна покажува примерот на Црногорецот Бранислав Радуловиќ кој на 88 години се запиша на факултет. Тој се запиша на Машинскиот факултет на студиската програма Патен сообраќај.
По 34 години откако е во пензија одлучил повторно да седне на студентските клупи.
„Сакам да докажам дека ние старите не сме за фрлање. Дека во нас има потенцијал кој може да се искористи“, рекол Бранислав за РТЦГ.
Тој додал дека младите му даваат сила и волја да истрае што подолго во напорите да ги заврши студиите.
„Така ги собирам моите и нивните години и делам и јас сум млад како нив. Не можам да се пофалам со некои добри резултати на факултет. Ниту сум меѓу најлошите, ниту меѓу најдобрите, златна средина“, изјавил Радуловиќ.
Тој додал дека го мотивирала неговата внука, која неодамна докторирала право во Белград. Тој е на 15 километри од Подгорица и секој ден вози во двата правци.
Татко е на четири деца, еден син и три ќерки, а дедо на седум внуци и една внука.фото принтскрин
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
ВУЧИЌ СЕ СРЕТНА СО СВОЈОТ ДВОЈНИК: Од него доби и подарок

ВРАЧЕНИ МУ СЕ ДВЕ КАЗНИ: Приведен е српски политичар на Косово

ДУРИ 70 ПРОДАВНИЦИ И НАД ТРИ ИЛЈАДИ ВРАБОТЕНИ ВО ЛИДЛ-СРБИЈА: Во Краљево и Златибор се отворија продавници

ОБДУКЦИЈАТА ЌЕ ОТКРИЕ МНОГУ ДЕТАЛИ, ЗАТОА Е КЛУЧНА: Еве што велат српските експерти за монструозното убиство на Вања

МЕШТАНИТЕ OД ГРЧКО СЕЛО ГЛАСАА ЗА ПРЕСЕЛУВАЊЕ: Не сакаат да страдаат од поплави

„ОВА НЕ ТРЕБАШЕ ДА СЕ СЛУЧИ“: Се огласи таткото на мала Тијана, кој се бореше да се донесе „Тијанин закон“ во Србија, Игор Јуриќ

КУРТИ ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ЛИРИДОНА: Натежнуваат врз умовите и срцата на сите
