17 Декември, 2025
0.0639

(ВИДЕО) Имигрантите сонуваат за подобар живот, откако ќе добијат легален статус во Италија

Објавено во: Свет 24 Април, 2015 10:06

Добивај вести на Viber

Двајца имигранти, кои пристигнале во Италија пред речиси една година, го опишуваат своето трауматично патување по море и надеж за иднината, откако добиле право да работат во земјата.

Имигрантите работат на фармата Каса Чернута во Чимина, на 40 километри јужно од Палермо, и се однесуваат како нормални млади луѓе кои се насмевнуваат и се шегуваат додека работат, пренесува „Ројтерс“.

Тешко е да се замисли ужасот со кои тие се соочувале во последните неколку години, за да ги исполнат своите соништа и да стигнат до Италија.

Но, благодарение на програмата за интеграција во една италијанска компанија, тие сега имаат шанса да ги преземат првите чекори во новиот живот.

Но осум имигранти кои пристигнале на 15 јуни 2014 година, веќе имаат легален статус и се надеваат дека наскоро ќе најдат работа и да ја напуштат фармата.

Зборувајќи за тоа како првично се качил на брод во Либија, 22-годишниот Томазо од Мали раскажува:

„Имаше 120 лица (на нашиот брод), без храна и вода. Тргнавме наутро и патувавме цел ден ... во текот на ноќта имавме останато само 20 литри бензин. Бевме во Средоземното Море, многу луѓе плачеа. Мислевме дека ќе умреме“.

Другиот дел од имигрантите, Пабло, додава: „Мојот сон, мојот прв сон е да играм фудбал. Вториот ми е да најдам работа. Кога ќе си најдам работа, јас навистина ќе работам“.

Во меѓувреме, лидерите на Европската унија одлучија да го зголемат двојно буџетот за поморската операција „Тритон“ во Средоземното Море, соопшти претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер по вонредниот самит на ЕУ за миграцијата во Брисел.

„Донесовме одлука да го зголемиме буџетот на операцијата до 120 милиони евра годишно“, изјавил Јункер. Средбата беше свикана по загинувањето на стотици мигранти во рок од неколку дена.

Водачите се согласиле и исто да го доделат мислењето на високата претставничката за заедничка надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини да изготви до крајот на јуни предлози за фаќање на шверцерите на мигранти и уништување на нивните пловни објекти.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави