17 Декември, 2025
0.0591

(ВИДЕО) Ирак пак врие – џихадисти сакаат да го заземат Багдад?

Објавено во: Свет 12 Јуни, 2014 19:36

Добивај вести на Viber

Исламистички есктремисти во судир со ирачката војска. Радикалната група Исламска држава на Ирак и Левант (ИСИЛ) најавува поход за да го заземе ирачкиот главен град Багдад. Ова се први поголеми немири во Ирак по соборувањето на диктатурата на ирачкиот претседател Садам Хусеин. Во првичните напади, екстремистите успеаја да остварат неколку победи, па дури и да ја заземат некогашната палата на Садам Хусеин и да заробат поголем број припадници на ирачката војска. Нивното спроведување е регистрирано со видео снимка: http://www.youtube.com/watch?v=e0sa9ro4mZs Сепак, според ирачките власти, безбедносните служби успеале да се реорганизраат и веќе извеле четири контра-напади со кои ги натерале екстремистите во бегство. Освен припадници на ИСИЛ, меѓу нив има и борци на Ал-Каеда и други вооружени групи, изјави ирачкиот министер за надворешни работи Хошјар Зебари. Претходните денови, радикалите успеаја да ги освојат градовите Мосул и Тикрит, а повеќе од половина милион жители биле принудени да ги напуштат своите домови. Сложена е состојбата и во Киркук, каде што курдските сили презедоа контрола за да спречат продор на џихадистите. Но, во истовреме, ирачките курди се обидуваат Киркук да го приклучат кон својата автономна територија, на што Багдад веќе подолго време се спротивставува. Портпаролот на ИСИЛ Абу Мухамед ел Адани најави жестоки борби во Багдад и Карбала, едно од најсветите места за шиитите. „Врзете ги појасите и подгответе се!“, се закани Адани. ИСИЛ особено ја критикува работата на ирачкиот претседател Нури ел Малики, оценувајќи дека тој е „некомпетентен“ и дека „изгубил историска шанса да преземе контрола врз Ирак“. Американскиот претседател Барак Обама не исклучува секаква опција, па дури и воена, за да им се помогне на ирачките власти повторно да воспостават контрола во земјата. Советничкиот тим за безбедност на американскиот претседател веќе ги разгледувал сите можности.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави