(ВИДЕО) ИСКРШЕНА СПОМЕН-ПЛОЧАТА НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ: Кај Карпалак повторно вандализам
Објавено во: Македонија 09 Август, 2024 17:12
Повторно имало вандализам кај Карпалак, каде е искршена спомен-плочата на загинатите бранители.
Спомен-плочата посветена на десетте македонски бранители загинати во заседата кај Карпалак во 2001 година, повторно е искршена.
Непознати сторители ја скршиле плочата и ги растуриле венците положени вчера, на 23-годишнината од трагичниот настан.
Секоја година кога се одбележува годишнина од масакрите кои се случија во 2001 година, бранителите повторуваат дека државата ги заборавила.Видео од искршената спомен плоча се појави на X.
Министерството за одбрана најостро го осудува немилиот настан со оштетување на спомен плочата на загинатите бранители кај месноста Карпалак. Настанот е регистриран од страна на надлежните служби на министерството уште во утринските часови, велат од Министерството за одбрана.
— Патриотско Друштво (@Patrioticlub) August 9, 2024
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




