23 Јануари, 2025
0.0853

(ВИДЕО) Кои се разликите на двата нови Ајфони на Епл?

Објавено во: Мои пари 09 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Тим Кук, извршниот директор на ЕПЛ ги откри iPhone 6 и iPhone 6 Plus за време на промоцијата во Флинт центарот во КупертиноКалифорнија.

Apple Inc. (AAPL) откри редизајнирани телефони со поголеми екрани , преработувајки го својот најпродаван продукт, и на овој настан дадоа јасна слика за патеката на производство под водство на Тим Кук. Новите iPhone 6 и iPhone 6 Plus доаѓаат во екрани со големина од 4.7 и 5.5 инчи, заедно со заоблени агли и потенок рам од претходните модели, исто како и повисока резолуција на екраните.

iPhone 6 ќе чини од 199 до 399 долари со двегодишен договор додека iPhone 6 Plus е проценет на 299 до 499 долари.

Уредите- кои доаѓаат во сребрена, златна и сива варијанта - ќе бидат достапни за нарачка од 12-ти септември со достава до 19-ти септември.

Во трите години во кои Кук го наследи Џобс на местото директор на ЕПЛ, компанијата направи завидни промени на постоечките производи , наметнувајќи го прашањето дали ќе направат и друг хит производ .

Со денешното воведување на поголеми хендсетови, компанијата одговара со навлегување во ареата на компетативна потрошувачка-технолошка индустрија.

ЕПЛ навлегува во годинешново откривање на нови производи со поинаква позиција од 2013.

Минатиот Септември, the Cupertino , Калифорнискиот дел од компанијата пропаѓаше и го губеше делот од пазарот од Самсунг.

Се поставуваа прашања дали компанијата може да продлжи да иновира без својот ко-основач Стив Џобс.

Замена на улогите

Сега акциите на компанијата се на рекордно високо ниво. Дури и со неодамнешниот инцидент со објавување на голи фотографии на познатите преку Apple’s iCloud на интернет, не направија голема штета кај инвеститорите.  Акциите на ЕПЛ скокна за 1.7% до 100.04 долари во Њујорк.

Акциите на ЕПЛ типично паѓаат веднаш по објавување на нов производ. Така на 10 Септември 2013 година на денот кога беа презентирани iPhone 5s и 5c , акцијата падна за 2,3%.

Новите телефони доаѓаат со уникатен A8 64-bit процесор , за кој што во ЕПЛ  дека е 25% побрз од претходните модели.

Телефоните доаѓаат и со нов процесор за фитнес и здравствено поврзани апликации.

Додека имаше големо нетрпение околу новите производи на ЕПЛ , iPhone остана најбитен дел од бизнисот .

iPhone донесе скоро половина од профитот од 171 билион долари минатата година додека продажбата на iPad полека паѓаше, компанијата мора да го задржи растот на продажбата на iPhone за да го задржи својот пораст.

Големи екрани

Apple одговори на потребата на потрошувачите за поголеми екрани што им дава повеќе место за гледање видеа, сурфање по нетот и играње игри.

Поголемите дизајни беа клучна продажна точка на ривалските компании како што е Самсунг, чиј што Galaxy S5 има 5,1 инчен екран и поголемиот Note кој што беше презентиран минатата недела со 5,7 инчен екран.

Поголемите екрани се особено популарни во азиските држави како што се Кина и Јапонија, двата најголеми пазари на ЕПЛ.

Според истражувачката фирма Canalys, најбрзо растечкиот тренд за смартфоновите е со екрани со големина од 5 до 5,9 инчи, што опфаќа 38% од потрошувачката последниот квартал, зголемено од 32,6% во првите три месеци годинава.

Моделите со помал екран од 5 инчи паднаа на 60% од пазарот од 65,4% на почетокот .

Основите на ЕПЛ

За да нагласи колку им е битна денешната линија на производи на ЕПЛ , компанијата одржа манифестиција во Flint Center во близина на седиштето на компанијата.Тоа беше истиот настан со кој компанијата го откри Macintosh пред 30 години исто како и кога Џобс во 1998 година го откри iMac, водејки ја компанијата од бездната на банкротот до најсилна светска компанија.Настанот беше пополнет со театар од достигнувањата на ЕПЛ, како и многу познати лица и могули.

Медиумите беа сместени во салата во која собира скоро 2000 луѓе.  Новинарите за мода и животен стил седеа покрај бизнисмените и новинарите за технологија.

Новите производи беа очекувани со месеци. Директорите на фирмата како Eddy Cue, директорот на iTunes во месец Мај најавија дека подоцна годинава ЕПЛ ке ги промовира најдобрите производи во последниве 25 години.

Во Јули , финансискиот директор Luca Maestri изјави дека очекува многу зафатена есен.

Исто така изјави дека имаат неверојатна нова линија на производи и дека едвај очекува да ја престави на јавноста.

  И.Р

Можеби ќе ве интересира

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ