17 Декември, 2025
0.0868

(ВИДЕО) Купил скап автомобил и – го искршил!

Објавено во: Свет 01 Јули, 2014 18:37

Добивај вести на Viber

Дури 127.000 евра платил еден Кинез за да го купи новиот Модел С на Тесла Моторс, а кога конечно го добил, првото што го направил било да го демолира. Ју Ксинкуан, кој ја искршил шофершајбната на автомобилот веднаш по преземањето од автосалонот во Пекинг, вели дека тоа го направил во знак на револт, бидејќи го налутила ароганцијата на компанијата Тесла Моторс. Ксинкуан всушност предводи цела група незадоволни купувачи на Модел С во Кина, кои се незадоволни заради огромното доцнење во испораката на нивните автомобили. Тој очекувал Тесла Моторс да му го испорачаат автомобилот во рок од шест недели, како што му ветиле, но тоа не го направиле. Ксинкуан вели дека уште во октомври 2013 година ги уплатил првите 30.000 евра за купување на возилото, во надеж дека ќе биде еден од првите сопственици на овој модел во Кина. Се покажало дека за купувачите кои не се од Пекинг или Шангај не важи правилото „кој прв ќе плати, прв ќе добие автомобил“, туку Тесла Моторс предност дала на купувачите што доаѓаат од региони каде што има сервисна мрежа и полначи за батериите на овој електричен автомобил. Иако не стана прв сопственик на модерниот автомобил во Кина, Ју Ксинкуан ќе остане запаметен како првиот што го уништил од егоистични причини. http://www.youtube.com/watch?v=WF3zT_poH3I

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави