(ВИДЕО) МАСКИТЕ БИЛЕ ПОЕФЕКТИВНИ: Австрија ги забрани визирите
Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Октомври, 2020
Австрија ги забрани визирите.
За нив студиите покажуваат дека овој вид на покривка не е доволна во спречувањето на ширењето на аеросолите во споредба со класичните маски.
Американска студија објавена во септември покажала дека визирот овозможува најмала заштита од коронавирусот од сите видови маски.
Со симулација е покажано дека визирот може да го спречи ширењето на капките во моментот на кивање или кашлање, но дека аеросолите сепак се распрскуваат по просторијата и потенцијално ги загрозуваат другите лица.
Германскиот институт „Роберт Кох“ објави дека употребата на визир не може да биде алтернатива затоа што тој не ги апсорбира респираторните капки.
До следното лето, од денешна гледна точка, можеме да се вратиме во нормала, изјави неодамна австрискиот канцелар, Себастијан Курц за австрискиот јавен сервис ОРФ.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.