(ВИДЕО) Најмалку 39 жртви во воздушните напади над Јемен
Објавено во: Свет 27 Март, 2015 19:42
Најмалку 39 цивили се убиени во Јемен за повеќе од едно деноноќие откако почнаа нападите од Саудиска Арабија со воздушни напади врз шиитските бунтовници. Тоа го соопштија денеска претставниците на Министерството за здравство во Сана.
Дванаесет од жртвите загинале при напад на воена база северно од Сана, а недалеку од станбената зона, додале луѓето од министерството, контролирано од шиитските бунтовници хуси. Поранешниот командант на базата е осомничен за соработка со хусите.
Рано утринава три други напади беа насочени против претседателската резиденција во северен кварт на Сана, контролиран од бунтовниците, изјавиле очевидци.
Ноќеска источно од Сана беше нападнат и кампот на армиска бригада во провинцијата Маариб, блиска на поранешниот претседател Али Абдула Салех, соопштија извори од локални кланови.
Воен извор за „АФП“ изјавил денеска дека воени авиони на коалицијата на чело со Саудиска Арабија, исто така го нападнале ноќеска воениот камп, каде што има „голем арсенал на оружје“, во јужното предградие на Сана.
Тој соопштил дека има „десетици“ жртви во овој камп, кој е под команда на поранешниот претседател Салех, принуден во 2012 година да ја напушти функцијата по 33 години управување и е обвинет денеска дека соработува со сојуз на бунтовниците шиити.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави





