17 Декември, 2025
0.0447

(ВИДЕО) Обама на Американците им го обелодени планот за борба против ИСИЛ

Објавено во: Свет 11 Септември, 2014 10:23

Добивај вести на Viber

Без двоумење ќе ја проширам воената кампања и воздушните напади против екстремистите на Исламската држава во Ирак и Сирија, најави американскиот претседател Барак Обама во синоќешното обраќање до американската нација. Обама најави дека САД ќе предводат широка коалиција чија цел ќе бие да ја ослабне, а потоа и да ја уништи Исламската држава. Во воената кампања нема да бидат вклучени американските копнени трупи, туку САД ќе дејствува во соработка со западните сојузници и арапските држави. „Антитерористичката кампања ќе ја предводиме цврсто и без попуштање со цел да се уништат милитантите на ИСИЛ каде и да се наоѓаат, користејќи ги нашите воздухопловни сили и со поддршка од воените сили на нашите партнери на терен“, вели американскиот претседател. „Нема да се двоумам да делувам против Исламската држава во Сирија, како и во Ирак“, додаде Обама во својот говор. Притоа, тој не даде временска рамка за нападите на радикалните исламски милитанти, но американски воени извори брифираат дека воздушните напади нема однапред да се најавуваат. Според американскиот претседател, сунитските џихадисти кои им ги отсекоа главите на двајца американски државјани припаѓаат на организација која нема никаква друга визија освен масакр на сите оние на кои им се спротивставуваат. Иако во целост го исклучи испраќањето на американските копнени трупи, Обама потврди дека во Ирак праќа 475 дополнителни воени советници, кои треба да им помогнат на ирачките и курдските безбедносни сили со опрема и разузнавачки информации, со цел полесно да се справат со заканата од Исламската држава. Со тоа, бројот на американски војници во Ирак ќе се зголеми на 1.600. Обама кој секогаш истакнуваше дека сака да сврти нова страница по децениите војни во кои беа вклучени САД, нагласува дека воената операција против Исламската држава ќе биде „темелно различна“ од војните во Авганистан и Ирак, кои ги иницираше неговиот претходник Џорџ Буш. Американските сили во северен Ирак веќе изведоа повеќе од 150 воздушни напади врз ИСИЛ, кои во голема мера им помогнаа на курдските власти да ја задржат контролата на овој регион. Сепак, американската администрација се наоѓа во далеку почувствителна ситуација во Сирија, каде што треба да се бори против џихадистите, но во исто време нема пријателски односи ниту со силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Откако двајца американски новинари на суров начин беа погубени во Ирак, и јавното мислење во САД значително ги менува своите ставови во врска со заканата од исламските џихадисти. Анкетата која заедно ја спровеле Вашингтон Пост и Еј-Би-Си Њуз покажува дека во овој момент воздушните напади врз Исламската држава ги поддржуваат дури 2/3 од Американците. http://www.youtube.com/watch?v=KvRd17vXaXM

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави