17 Декември, 2025
0.0493

(ВИДЕО) Претходната голема катастрофа во Франција: Пред 15 години со „Конкорд“

Објавено во: Свет 24 Март, 2015 19:48

Добивај вести на Viber

Жртвите на катастрофата со авионот „Ербас“ на германската нискобуџетна компанија „Germanwings“, кој се урна во јужна Франција, најверојатно ќе достигне 150 луѓе, колку што биле патници во авионот. Досега нема податоци за преживеани по падот на авионот.

Претходната голема авионска несреќа во Франција се случи пред 15 години - на 25 јули 2000 година кога  „Конкорд“ на „Ер Франс“ се запали при полетување од Париз за Њујорк и падна врз хотел, одземајќи го животот на 113 лица од авионот и четворица од хотелот. Тоа беше и крајот на ерата на овој единствен авион за масовна експлоатација.

Процесот, со кој требаше да се утврди виновникот за катастрофата, започна со десет години задоцнување. Судот пресуди дека инцидентот е предизвикан од механичар на компанијата „Continental Airlines“. Џон Тејлор беше прогласен за виновен за убиство без умисла. Негов колега беше ослободен, како и тројца поранешни функционери на авијациските власти на Франција.

„Continental Airlines“ е казнета со 200 илјади евра, а Џон Тејлор доби условна казна од 15 месеци. Тој е казнет со 2000 евра. Освен тоа „Continental Airlines“ беше осудена да и плати еден милион евра на „Ер Франс“, сопственик на урнатиот авион.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/vMZk-cHU6Zk[/embed]

Истрагата утврди дека причина за несреќата пред десет години е парче метал, кое се нашло на пистата за полетување. Тоа биле остатоци од авионот DC-10 на американската авиокомпанија „Continental Airlines“, кој полетал од истата патека непосредно пред авионот на „Ер Франс“.

При полетувањето во авионот на француската компанија удрило кратко парче, и од него е прободен резервоарот за гориво и авионот се запалил. Несреќата се случи на 25 јуни 2000 година. Тогаш загинаа 100 патници, деветмина членови на екипажот и четири лица од хотелскиот персонал.

Францускиот национален авиопревозник им исплати на семејствата на загинатите бенефиции во износ од по 100 милиони евра.

Во 2003 година авионите „Concorde“ биле извадени од употреба. Една од причините за одлуката беше намалување на бројот на патниците со нив по несреќата во Париз.

 

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави