17 Декември, 2025
0.0368

(ВИДЕО) Поглед од хеликоптер на местото на несреќата, најдена црната кутија на авионот!

Објавено во: Свет 24 Март, 2015 19:10

Добивај вести на Viber

Францускиот пратеник Кристоф Кастане, кој со министерот за внатрешни работи ја надлетал зоната во  француските Алпи во кои денес се урна авион на германската компанија „Џерманвингс“, а моментално се наоѓа во кризниот штаб, изјавил дека е пронајдена една од црните кутии на тој авион, пренесува парискиот весник Фигаро.

Авионот „Ербас А320“ се урна денес со 114 патници и шест членови на екипажот во Алпите на југот на Франција, 100 км северно од Ница, додека летал од Дизелдорф во Барселона , а францускиот државен секретар на министерството за сообраќај Ален Видали изјавил дека нема преживеани.

Кастане, пратеникот од регионот Алп-де-От -Прованс, на Твитер ја опиша глетката која ја видел од авионот со кој заедно со министерот го надгледале местото на несреќата како „страшна“.

Поглед од хеликоптерот кој го истражува местото:

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/fw2SfxfP-UQ[/embed]

„Џерманвингс“- Авионот паѓал додека не удрил во Алпите

Главниот раководител на германската авиокомпанија „Џерманвингс“ Томас Винкелман денес изјавил дека нивниот A320 долго паѓал пред да удри во Француските Алпи, при што најверојатно загинале сите 150 патници и членови на екипажот.

Винкелман изјавил дека авионот почнал да ја губи висината набрзо откако достигнал максимална висина после полетувањето од аеродромот во Барселона.

Падот траел осум минути, рекол Винкелман пред новинарите во Келн.

Забележано тело кое се мрда?

Според некои извештаи меѓу остатоците на авионот воочено е и „тело кое се мрда“.

Обвинител од Марсек Брис Робен рекол дека е „можно да е зебележано тело кое се движи“.

Овие извештаи ја подгреаа надежта дека можеби има преживеани, иако францускиот претседател Оланд претходно рече дека веројатно сите загинале.

Француската полиција пак потврдила дека нема преживеани.

Авионот се распаднал

Францускиот премиер Мануел Валс рекол дека хеликоптерот успеал да дојде близу до местото каде авионот се урнал во Алпите, но дека не нашол преживеани.

Претставник од локалното место рекол дека авио0нот се распаднал.

-Најголем ел од остатоците од авионот се големи колку автомобил -рекол тој.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави