(ВИДЕО) Прва видео снимка: Се урна воен хеликоптер во Бугарија-има жртви
Објавено во: Балкан 12 Јуни, 2018
Воен хеликоптер паднал во околината на Аеродромот во Пловдив и авиобаза Крумово, соопшти бугарската bTV.
Според извори на телевизијата од минисерството за одбрана во леталото имало две лица . Новинската агенција БГНЕС објави дека две лица загинале, а две се повредени по прелиминарни информации од Службите за итни случаи.
Од "непознати причини" хеликоптерот , модел Ми-17, паднал од 30-40 метри височина околу 20:30 часот при што избил пламен. Инцидентот се случил за време на вежба за спасување со јаже.
Според податоците на очевидци хеликоптерот се запалил во воздух, се превртел и паднал на земјата, при што се слушнал силен удар.
Првично аеродромските власти планирале да го затворат аеродром Пловдив, но подоцна таква одлука не е донесена.