(ВИДЕО) Што им треба на Скопјани од претстојниот Саем за Мебел?
Објавено во: Македонија 20 Март, 2015
Меѓународниот саем за мебел оваа година го одбележува своето 41 годишно постоење со импозантна посетеност како секогаш, така и овојпат, се очекуваат повеќе од 50.000 посетители кои ќе го посетат Скопски саем и ќе го уредат својот дом или работно место со убаво и удобно парче мебел.
Презентација на повеќе од 10.000 парчиња мебел, за прв пат поставени во 10 саемски хали, од 24-29 март 2015 година, ќе ги очекува граѓаните кои ќе имаат можност да го посетатат Скопски саем, а со секоја купена влезница да станат и потенцијални добитници на новата Корса, од Опел - екслузивниот партнер на МЕБЕЛ 2015.
А бидејќи удобното возење е еднакво на комфорно уживање во тросед, токму затоа, група Скопјани уживаа во комфорот и удобноста, кои по случаен избор на улиците низ Скопје имаа шанса да се возат во новата Опел Корса и на тој начин да се информираат за претстојниот Саем за мебел.
Голем избор на сè што е удобно за домовите. Во 16.000 метри квадратни, посетителите ќе можат да ја најдат идеалната понуда на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел.
Саемот за мебел започнува на 24 март и трае до 29 март кога всушност ќе се случува и извлекувањето на наградата за посетители – новата Опел Корса.
Парче мебел за секој метар квадратен!