19 Декември, 2025
0.0361

(ВИДЕО) Solaborate – социјална мрежа создадена за професионалци

Објавено во: Мои пари 15 Април, 2014 14:40

Добивај вести на Viber

Социјалната мрежа Solaborate, креирана за професионалци, е целосно изработена во Македонија. Solaborate ја започна својата приказна пред  две години, а на 22 октомври минатата година ја објави својата прва официјална бета верзија и тоа само неколу месеци откако компанијата доби  инвестиции  од 1 милион $ со цел усовршување на платформата. Седиштето на Solaborate се наоѓа во Лос Анџелес, Калифорнија, исто така има  мал маркетинг тим во Косово, а целата изработка се случува тука, во Македонија. Solaborate е социјална платформа која е целосно посветена на професионалците од областа на технологиите  и нејзината цел е да овозможи централно место каде што тие би се поврзувале меѓусебно, би ги промовирале своите компании, производи и услуги. Solaborate се стреми да им ги овозможи сите алатки за остварување на лична и професионална комуникација и да им го олесни секојдневното функционирање било да се во своите канцеларии или пак во движење. Некои од алатките кои Solaborate ги нуди се:
  • Подобар начин да го менаџирате своето професионално присуство на социјалните медиуми;
  • Професионален профил за Вас, вашата компанија, како и за вашите производи и услуги;
  • Инстант пораки помеѓу корисници, компании како и корисник со компанија и обратно;
  • Меѓусебни чат, аудио и видео  повици;
  • Групни аудио и видео конференции ;
  • Споделување на фотографии и мултимедијални содржини преку чат и инстант пораки;
  • Споделување на вашиот екран со  еден или група корисници директно преку вашиот чат, без користење на никакви плагини;
  • Прашања и одговори;
  • Креирање на огласи за работа во име на корисник, компанија или производ како и аплицирање на истите директно од вашиот профил;
  • Креирање демо верзии за вашите производи ;
  • Организација и споделување на настани;
  • Увид на вашите активности во реално време, како и на активностите на вашите компании и призводи;
  • Креирање на анкети;
  • Креирање на блогови на самиот профил;
  • И многу други активности.
“За да овозможиме  ваков тип на директна комуникација преку индивидуални и групни  аудио и видео повици  користиме WebRTC протокол за комуникација во реално време (real-time) кој е релативно нов на пазарот и сме единствени во тоа поле. Главната цел на оваа технологија е да им овозможи на интернет корисниците да комуницираат едни со други со користење на аудио или видео повици. Веруваме дека оваа технологија ќе ја промени комуникација и ќе стане стандард за многу веб-сајтови и апликации”, велат од Solaborate. На почетоткот на овој месец  Solaborate исто така лансираше увид на активностите на своите корисници во реално време (Real-Time Insights and  Analytics), каде ќе добиете увид во Dashboard по прегледи за споделените документи, демоа за производи, видеа, блогови, новости или било каква друга содржина на Solaborate. Увидот за активностите на Solaborate се сумирани анонимни статистики од лајкови, споделувања, коментари, демографии, трендови и друго, а сето тоа во реално време. Во рамките на овој увид е воведен и софистициран бодовен систем за мерење на влијанието. Покрај професионалците, дури и компаниите, продуктите и услугите имаат бодови, така што технолошката заедница може да придонесе за нивното социјално присуство и влијание на пазарот, со што ќе се издвојат од другите. http://www.youtube.com/watch?v=plDuinOL8hs

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза