(ВИДЕО) ТАЈФУНОТ ЏЕБИ БЕСНЕЕ: Луѓето ги напуштаат домовите, ветровите носат се пред себе
Објавено во: Свет 04 Септември, 2018
Тајфунот Џеби со ветрови од 160 до 190 километри на час е најсилен тајфун што ја погодил Јапонија од 1993 годинa.
Скоро 300.000 луѓе мора да се евакуираат, а речиси шестотини летови се откажани поради тајфунот Џеби.
Поради силни ветрови танкер удри во мост.
Престолнината Токио ќе го избегне најсилниот удар, но се очекуваат силни дождови и ветрови денеска.