(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОФАЛИЈА: Заробиле група чеченски борци кај Курск

Објавено во: Свет 12 Август, 2024 15:49
Украинците објавија снимка од заробени чеченски војници.
„Сакам да живеам“, проект предводен од Украинската одбранбена разузнавачка служба, објави видео на руски воени затвореници кои велат дека доаѓаат од чеченскиот град Грозни. Украинците тврдат дека споменатите Чеченци биле заробени во областа Курск во Русија.
„Нашите сили ги фатија тие мажи длабоко во задниот дел, далеку од границата. Тие велат дека се обиделе да избегаат за да не бидат фатени. Рамзан Кадиров еднаш рече дека членовите на единицата Ахмат никогаш не се предаваат. Па, тие обично не се предаваат затоа што се кријат во позадина, но ситуацијата во регионот Курск се развиваше брзо, а овие членови на Ахмат не се ни обидоа да се спротивстават“, соопштуваат од проектот „Сакам да живеам“.
Се работи за украински државен проект кој има за цел да им помогне на војниците на руската армија безбедно да се предадат во заробеништво.
Проектот е започнат во септември 2022 година од страна на Координативниот штаб за третман на воени затвореници, кој работи со поддршка на Министерството за одбрана и Одбранбената разузнавачка служба, пишува Украинска правда.
Украинците веќе неколку дена се на руска територија и спроведуваат офанзива.„Украинските сили мора да бидат протерани од областа Курск, а Русија ќе одговори на украинските напади“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
Руската инвазија на Украина почна пред две и пол години.
Відео державного проєкту "Хочу жить": як стверджується, на ньому полонені бійці "Ахмата", яких захопили в Курській області РФ pic.twitter.com/YNkHGhOakD
— Українська правда (@ukrpravda_news) August 11, 2024
Можеби ќе ве интересира
ИМА САМО 15 ГОДИНИ: Момчето кое избоде ученици во Франција испратило писмо долго 20 страници

(ВИДЕО) СРЕДБАТА НЕ БЕШЕ НАЈИДЕАЛНА: Зеленски ја коментираше расправијата со Трамп во Овалната соба

ДАНСКИ АВАНТУРИСТ ПОСЕТИ 203 ДРЖАВИ: Подвигот го направи без да користи авион

ИДЕЈА НА РУСИЈА: БРИКС може да создаде алтернатива на Меѓународниот кривичен суд

ИМАЛО 300 ПОТРЕСИ ВО ИСТАНБУЛ: Турците ноќта ја поминаа во паркови, се очекува силен земјотрес

ВЛАСТА ПАЛЕШЕ ЗАПЛЕНЕТ КАНАБИС, А 25 ИЛЈАДИ ТУРЦИ НЕСАКАЈЌИ СЕ „НАПУШИЈА“ - вртоглавици и халуцинации кај жителите на Дијарбекир
ШТО МУ ДОНЕСОА СТОТЕ ДЕНА МИНАТИ ВО БЕЛАТА КУЌА НА ТРАМП? Стана најнепопуларен американски претседател
