16 Април, 2024
0.0272

(ВИДЕО) Вигенин: Грција да не инсистира на аспсолутно решение за името до јуни

Објавено во: Македонија 25 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

„Сега имаме уникатна шанса да се најде решение за спорот со името.

Убеден сум дека и грчката страна сака да се најде решение, зашто сметам дека продолжувањето на спорот нема да има позитивен ефект.

За првпат, во Република Македонија имаме водство кое навистина е фокусирано на спорот и е подготвено да направи соодветни компромиси, се разбира во соодветна мерка. Не може да се постигне решение кое и` одговара само на едната земја. Мора да се најде врамнотежен компромис. Но сега е шансата. Сметам дека ако сега не се најде решение, не знам кога ќе се најде“, оцени  поранешниот шеф на бугарската дипломатија Кристијан Вигенин во синоќешното интервју за емисијата Фактор магазин. 

Вигенин оцени дека може да се најде решение за да може што побрзо да се надмине таа пречка и што побрзо да се почнат преговори за влез во Европската Унија.


Името Република Вардската Македонија е најдобро решение

На прашањето дали со евентуалното решение за името би можело да се појават стрaвувања од територијални претензии имајќи предвид дека бугарскиот премиер Бојко Борисов пред неколку години рече дека за нив е неприфатлив предлогот Северна Македонија, Вигенин рече:

„Можам да споделам дека ако веќе треба да се смени името тоа да биде Вардарска Македонија, бидејќи во најголем степен тоа ги оцртува и границите на денешната Република Македонија. Но каква одлука и да се донесе ние нема да бидеме пречка и сметам дека изградената доверба меѓу Бугарија и Република Македонија би требало да доведе до отпаѓање на сите сомнежи за територијални претензии и слично. Лично за мене, таквите прашања... како да кажам, за мене се измислени и неверојатни. Сигурно е дека ќе има страни кои ќе сакаат да го искористат договорот за името, со цел да нападнат во една или друга насока, но се разбира дека насекаде има популисти и националисти. За нас е важно Република Македонија да тргне по патот на европската интеграција“ објасни Вигенин.

Поранешниот шеф на бугарската дипломатија кој беше и известувач  за Македонија во Европскиот парламент не ја исклучи можноста Македонија да ги почне прговорите со ЕУ дури и ако во целост не биде затворен билатералниот спор , додавајќи дека ако има договор за главните прашања, можеби не е неопходно да се решат сите детали до самитот на Советот на ЕУ во јуни.

„Може да има договор за името, но околу договорот има и многу други детали. Дел од деталите би можеле да бидат оставени за следната етапа.

Кога Македонија ќе ги  започне преговорите, секоја етапа почнува и завршува со едногласно решение, односно тоа е процес кој Грција би можела да го контролира дури и по почетокот на преговорите .И во периодот пред самата интеграција. Сакам да кажам дека Грција, од моја гледна точка може да направи компромис и да не бара апсолутно решение до крајот на јуни. Некои прашања кои би останале нерешени може да бидат решавани и подоцна и да има гаранции дека Грција може да го сопре процесот“, објасни Вигенин.

Поранешниот бугарски министер за надворешни работи рече дека е свесен оти и раководствата во двете земји ќе бидат под жесток напад  осбено поради потребата да направат отстапки доколку сакаат да постигнат договор.


Можеби ќе ве интересира

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

„ОСМАНИ Е ЕДНА ОД ГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ НА СДСМ. ДАЛИ Е МЕЃУ ГРЕШКИТЕ ШТО ГИ ПРЕПОЗНАВААТ?“: Најчевска со реакција на изјавата на Османи дека нема да присуствува на средби на Отворен Балкан

„ОСМАНИ Е ЕДНА ОД ГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ НА СДСМ. ДАЛИ Е МЕЃУ ГРЕШКИТЕ ШТО ГИ ПРЕПОЗНАВААТ?“: Најчевска со реакција на изјавата на Османи дека нема да присуствува на средби на Отворен Балкан

Малолетник од Тетово украл автомобил и направил сообраќајка

Малолетник од Тетово украл автомобил и направил сообраќајка

СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ И ДЕНЕС ШТРАЈКУВААТ - се уште нема конкретен одговор од надлежните, предизборниот период главна кочница

СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ И ДЕНЕС ШТРАЈКУВААТ - се уште нема конкретен одговор од надлежните, предизборниот период главна кочница