(ВИДЕО) Во иднина Автомобилите ќе ги паркираме со помош на смартфон апликација
Објавено во: Мои пари 09 Септември, 2014 15:36
Технологијата која ја развива францускиот произведувач на авто-компоненти, Валео, ќе овозможи автомобилот сам да отиде на паркингот, најде празно место и да се паркира - и тоа се со мпомош на наредба која возачот му ја дава преку смартфон.
Целосно автоматизираниот систем наречен Connected Automated Valet Parking, е демонстриран на саемот на „паметни“ возила во Детроит.
Како што кажува произведувачот, технологијата е уште десетици години далеку од масовното производство, а во меѓувреме мора да се изменат прописите за да се регулира далечинското управување на автомобилите.
Системот се состои од десетина ултразвучни примопредавачи, камери кои можат да се ротираат цел круг и ласерски скенер. Технологијата овозможува прецизно паркирање „до милиметар“, со безбедно растојание од другите возила.
Откако заврши со обврските, возачот, повторно преку смартфонот, ќе може да го повика својот автомобил од паркингот, и тој повторно сам ќе дојде до него.
Погледнете ја демонстрацијата на овој сиситем:
Во компанијата Валео велат дека потенцијалните предности се бројни.
Возилата ќе бидат прецизно паркирани, со што се постигнува заштеда на простор, повеќе ќе се почитува сообраќајниот пропис, ќе се намалат гужвите, а и возачаите помалку ќе се нервираат што губат време барајќи слободно паркинг-место.
Иако на примената на оваа технологија ќе се чека уште некое време, претставници на оваа компанија сметаа дека ова ќе биде уште еден чекор напред кон самоуправувачките возила.
И други компании порано демонстрираа самопаркирачка технологија, но во повеќето случаи системот функционира така што возачот најпрво сам најде паркинг место, а дури потоа го активира системот кој го паркира автомобилот.
Меѓу произведувачите кои развиваат технологија слична на оваа која во Детроит ја претстави француската компанија Волво кој својот систем за автоматско паркирање го најави за 2013.
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави




